ЕДНОСТАВНА ПОГАЧА…Мека како памук и многу вкусна, а некогаш ја печам наместо леб…

Мојата стара погача, во модерна тава – 21 см дијаметар. Јас користев половина доза од стандардниот рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл млеко,
600 г брашно,
2 јајца
2 лажички сол,
2 лажици шеќер,
3 лажици масло,
1 1/2 лажиче сув квасец.
путер за премачкување

ПОСТАПКА:

Тестото го замесувам во машина за леб на програмата за тесто. Го оставам да нарасне во машината, па расукам во кора дебела колку прст.

Ја премачкав обилно со путер и ја исечкав на ленти, оставајќи 1/3 неисечена, ставив рситно сирење и свиткав во ролат.

Во тавче го свиткав во форма на полжав и го оставив да нарасне, а потоа го премачкав со изматена жолчка помешана со лажица вода и посипав со сусам.

КОРНЕТ ПОГАЧА по рецепт на баба ми…Толку многу е вкусна, ја правам секоја недела…

Печете на 180°C 40 минути или додека да зарумени погачата. Рецепт и фото: Доријана Цукова