Вкусна и убава 👌
Потребни состојки:
4 јајца
100 г маст
100 г путер/маргарин
150 г шеќер во прав
1 прашок за печиво
кора од лимон
2 ванилин шеќер
200 г брашно
1 шолјичка млеко
600 г рендани јаболка
шеќер за јаболката по желба
100 г мелени ореви
малку цимет
Постапка:
Изматете ги пенасто маста и путерот со шеќер во прав, па додадете јајца и нив заедно изматете ги, додадете брашно со прашок за печиво, млеко, ореви и кора од лимон, па сето убаво изедначете го.
Јаболката изрендајте ги и наросете ги со шеќер. Оставете ги малку да отстојат, па исцедете го сокот, додадете малку цимет и ванилин шеќер.
Во намастен плех распоредете половина од тестото, а преку него јаболката и на крај втората половина од тестото и израмнете.
Печете на 190 степени 40 минути. Наросете со шеќер во прав. Оставете да излади, па сечете.
Уживајте во колачот, превкусен е!