Потребни состојки:

7 белки

7 лажици шеќер

2 лажици какао

10 лажици ореви

3 лажици брашно

1 прашок за печиво

За фил:

7 жолчки

700 мл млеко

2 пудинзи од ванила или банана

4 банани

300 г чоколадни трошки

250 г маргарин

8 лажици шеќер

За декорација:

3 крем шлага

250 мл млеко

100 г чоколадо

1 лажица масло

Масло:

Добро изматете ги белките, додадете шеќер и уште малку изматете. Брашното помешајте го со какао, ореви, прашок за печиво, па додавајте го полека во изматените белки.

Рерната загрејте ја на 200 степени. Големиот плех од рерна обложете го со хартија за печење, па во него излејте ја смесата и испечете го бисквитот. Кога ќе се излади пресечете го на половина, по должина, така да добиете две кори.

За фил:

Ставете на оган 600 мл млеко со шеќер да зоврие. Жолчките изматете ги и промешајте ги со прашокот од пудинзите, па сварете ги во млекото додека да згусне. Во изладениот фил додадете пенесто изматен путер и чоколадни трошки.

Врз кора ставете половина од филот, па наредете банани, повторно намачкајте со остатокот од филот, па одозгора ставете ја втората кора. Изматете шлаг со млеко и декорирајте ја тортата, а одозгора прелијте со растопено чоколадо.

kuhinjaideje.com