Децата дома многу ми ги сакаат.
Потребни состојки:
1 белка
70 г шеќер
½ лажичка тартар крем или прстофат сол
Постапка:
Рецептот е стварно едноставен… на една белка се додава 70 г шеќер и долго, долго се микса. Во текот на миксањето се додава половина Cream of Tartar или прстофат сол.
Кога е добро измиксано, белките ставете ги во шприц, па истискајте ги пуслиците или вадете со лажица на плех обложен со хартија за печење.
Ако немате рерна со вентилатор, при печењето подотворете ја вратата од рерната со помош на дрвена лажица.
Сушете ги пуслиците на 90 степени околу еден час.
Проверете ги дали се исушени одвнатре, па исклучете ја рерната и оставете така со подотворена вратничка да се изладат.
coolinarika.com