Едноставен, но фантастичен оброк – Похувани пиперки на малку поинаков начин, прсти излижавме, а децата побараа уште.

Вака подготвени пиперки сигурно не сте јаделе досега, а ова јадење им стана омилено на моите деца. Во комбинација со некој лесен сос, и вам ќе ви стане омилено јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 пиперки, 2 јајца, 100 г печеница или шунка (може и повеќе), 100 г кашкавал по ваш избор (може и повеќе), 100 г лебни трошки (презла), 100 г брашно, сол по вкус, 1 супена лажица млеко, масло за пржење

ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги и пребришете ги со сува крпа, па исчистете ги внимателно од семето. Наредете ги во тепсија или плех обложен со хартија и печете ги 15-тина минути во рерна загреана на 220 степени.

Печените пиперки префрлете ги во сад кој може да се затвори или едноставно затворете ги во кеса да се запарат, за подоцна да можат полесно да се излупат. Вака оставете ги 30-40 минути додека да се подизладат.

Потоа излупете ги и оставете ги на цедалка за да се исцеди од нив вишокот сок. За тоа време пригответе го потребниот материјал за похување: во еден сад скшете две јајца, во друг сад ставете брашно, а во третиот лебни трошки.

Кашкавалот и сувомеснатото (шунката) исечкајте ја на тенки лентички. Во прашното додајте една лажичка сол, а вие додајте по вкус. јајцата ги посолувам со половина мала лажичка. А, пиперките ги посолувам исто така, со една лажичка сол.

Во јајцата додајте и една супена лажица млеко (или вода, јогурт), па изматете ги со виљушка. Во секоја пиперка ставете по едно парче кашкавал и сувомеснато, а по желба ставете и повеќе, или пак филувајте го по ваш избор.

ПОХУВАЊЕ: Филуваните пиперки најпрво валајте ги во брашното помешано со сол, потоа во изматените јајца, а на крај во лебните трошки. Вака подготвените пиперки пржете ги по 2-3 минути од секоја страна или додека да заруменат.

Маслото треба да биде загреано на умерена температура. Ако не сте сигурни дали маслото е доволно загреано, можете да го проверите со дрвена чепкалка: кога ќе се појават многу меурчиња, значи дека добро се загреало.

Готовите пиперки вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Целата постапка од подготовката можете да ја погледнете во видеопрезентацијата ОВДЕ. Прочитајте уште еден рецепт „ПОХУВАНИ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ со кашкавал и сувомеснато, двапати ги правев во еден ден“ – ОВДЕ.