Потребни состојки:
125 г путер на собна температура
250 г шеќер (ставив 200 г, сосем доволно, вие ако сакате може и помалку, по вкус)
3 големи јајца
125 г јогурт (јас ставив течен јогурт)
1 лажица екстракт од ванила или смечиња од 1 мешунка
300 г просеано меко брашно
1 прашок за печиво
Шеќер во прав за наросување одозгора
Постапка:
Калап со пречник 24 см намастете го со путер и набрашнете го. Вишокот брашно истресете го.
Путерот исечете го на помали парчиња па пенасто измиксајте го заедно со шеќерот. Додавајте едно по едно јајце, секое добро измиксајте го во смесата пред да го додадете следното.
Кога смесата ќе добие на волумен и ќе згусне, додадете јогурт и екстракт од ванила и на крај просеано брашно измешано со прашок за печиво.
Смесата излејте ја во калапот и печете на 180 степени околу 35-40 минути. Проверете со чепкалка дали колачот е печен: боцнете ја чепкалката во најдебелиот дел од колачот, треба да излезе сува.
Јас го печев во калап за бриош, колачот беше висок и се печеше еден час. Наросете одозгора шеќер во прав или премачкајте го со растопен џем од кајсии и наросете кокос.
Во тестото можете да додадете суво грозје, брусница или кајсии, кандирано овошје, чоколадни трошки…
Тестото можете да го ставате во калапот и слоевито, а помеѓу слоевите да прошарате со омекната нутела или мармелада. Колачот може да се пресече еднаш или двапати (како пандишпан) и да се полни со крем по избор.
Може да биде подлога за торти и овошни колачи. Но не заборавајте, тој е превкусен и вака без ништо во него!