ЕДНОСТАВЕН КУГЛОФ: Додека трепнеш смесата е готова за печење…колач мек како сунѓер, вкусен и мирисен! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ :

3 големи јајца
1 чаша шеќер (од 250 мл)
1 чаша млеко (200 мл)
1/2 чаша масло (100 мл)
2,5 чаши брашно (со чаша од 200 мл. Ако јајцата биле помали, тогаш ќе ви бидат потребни само 2 чаши)
1 кесичка ванила (10 г)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
50 г чоколадни трошки (чоколадо за декорација на колачи)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот се додека смесата да стане кремаста, густа и да го зголеми волуменот. Додадете масло и млеко и повторно кратко измешајте.

Потоа додајте ги брашното, ванилата и прашокот за печиво и изматете додека сето да се изедначи во мазна смеса без грутчиња.

Додајте ги на крај чоколадните трошки и рачно промешајте со лажица или шпатула.

Подготвената смеса истурете ја во калап за куглоф намачкан со путер преку целата површина, протресете го и потчукнете го за да излезат меурчињата.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени 40 минути (проверете со чепкалка). Кога колачот ќе го извадете од рерна оставете го да се подизлади во калапот, а потоа превртете го врз десертна чинија и послужете го.

Можете да го декорирате со шеќер во прав или чоколадна глазура, но совршен е и ваков каков што е. Деталите од подготовката пожете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.