Home Десерти Едноставен колач со ореви…За секој ден, многу вкусен десерт за со кафе…

Едноставен колач со ореви…За секој ден, многу вкусен десерт за со кафе…

Едноставен колач со ореви…За секој ден, многу вкусен десерт за со кафе…Состојките веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со шолја од 100 мл, сите состојки треба да бидат на собна Т):

4 јајца
1 прстофат сол
4 шолји шеќер или 400 г
4 шолји млеко или 400 мл
2,5 шолји масло или 250 мл
6 шолји брашно или 440 г
1 кесичка прашок за печиво 12 г
4 шолји мелени ореви или 125 г
рендана кора од лимон по желба
1 кесичка ванилин шеќер

Преку бисквитот:
5 лажици џем и мелени ореви
или само шеќер во прав

ПОСТАПКА:

Во белките додајте прстофат сол и пенасто изматете ги. Постепено додајте го шеќерот и продолжете да матите додека да добиете цврст снег. Потоа една по една додајте ги жолчките.

Сипете ги млекото и маслото, а кој сака по желба може да додајте ситно рендана кора од лимон. Во смесата сипете ги мелените ореви, просеаното брашно помешано со прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.

Соединете со жица и сипете во намастен и набрашнет плех 30х30 см.

Печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот колач оставете да се олади, па премачкјате го со џем и посипете го со ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ: