Едноставен колач со ореви…За секој ден, многу вкусен десерт за со кафе…Состојките веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со шолја од 100 мл, сите состојки треба да бидат на собна Т):

4 јајца
1 прстофат сол
4 шолји шеќер или 400 г
4 шолји млеко или 400 мл
2,5 шолји масло или 250 мл
6 шолји брашно или 440 г
1 кесичка прашок за печиво 12 г
4 шолји мелени ореви или 125 г
рендана кора од лимон по желба
1 кесичка ванилин шеќер

Преку бисквитот:
5 лажици џем и мелени ореви
или само шеќер во прав

ПОСТАПКА:

Во белките додајте прстофат сол и пенасто изматете ги. Постепено додајте го шеќерот и продолжете да матите додека да добиете цврст снег. Потоа една по една додајте ги жолчките.

Сипете ги млекото и маслото, а кој сака по желба може да додајте ситно рендана кора од лимон. Во смесата сипете ги мелените ореви, просеаното брашно помешано со прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.

Соединете со жица и сипете во намастен и набрашнет плех 30х30 см.

Печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот колач оставете да се олади, па премачкјате го со џем и посипете го со ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ: