Едноставен колач со малини…Мирисен и вкусен…Измати и испечи, брз и лесен десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
150 г шеќер
100 мл масло
100 мл течен јогурт
200 г брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
200 г малини
1 лажица гриз за малините
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата да згусне. Додајте масло и јогурт, а потоа брашното, ванилата и прашокот за печиво. Соединете со миксер.
Смесата сипете ја во плех 30х25 см обложен со хартија и оставете настрана. Малините помешајте ги со 1 лажица гриз и оставете ги 15 минути на собна температура.
Наредете ги малините врз тестото и ставете да се пече 30-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе подизлади колачот посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: