Супер фин, кремаст и едноставен колач, а што е најважно, многу брзо се приготвува.
Потребни состојки:
10 кисели јаболка
500 г бисквити
10 лажици шеќер
600 мл млеко
2 пудинг од ванила
2 шлаг пена
малку цимет
Постапка:
Јаболката излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додадете 4 лажици шеќер, па ставете на оган да се динста додека да омекне.
Во 600 мл млеко сварете го пудингот од ванила со 6 лажици шеќер, оставете да излади.
Изладениот пудинг измиксајте го, направете шлаг пена па со лажица спојте ги со пудингот.
Земете тепсија со средна величина и на дното наредете бисквити малку натопени во топло млеко.
Врз бисквитите наредете ги динстаните јаболка, наросете малку цимет, па повторно бисквити, па пудингот и на крај бисквити.
Изматете ја втората шлаг пена за да го премачкате колачот одозгора. Пред послужување нека се излади неколку часа во фрижидер.