Едноставен колач со банани…Сите го испробаа, па и јас…Многу е вкусен, ќе го направам пак! Еве што ви е потребно:
Состојки и подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 степени, обложете калап од 24 см.
4 големи банани
3 јајца
150 г шеќер
1 лажичка арома од ванила или ванилин шеќер
100 мл масло
300 мл млеко
2 лажици какао во прав (ако имате, можете да додадете и инстант прав за топло чоколадо)
300 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
За прелив:
200 мл млеко
30 г какао во прав
100 г шеќер
100 г маргарин или путер
Растопете сè и оставете да се подизлади.
ПОСТАПКА:
Јајцата се матат со шеќер додека да се добие кремаста смеса и се додаваат останатите состојки, нежно мешајќи, за смесата да остане пенеста. Истурете во калапот и ставете ги исечканите банани. Печете околу 50 минути.
Испечениот колач избоцкајте го со чепкалка и потурете го со преливот, по можност двапати за колачот да има време да го впие. Изладете го и уживајте во вкусот. Постапката погледнете ја ОВДЕ: