Потребни состојки:

4 јајца

1 шолја шеќер (шолја = 250 мл)

1 шолја масло

1 шолја млеко

2 шолји брашно

2 ванилин шеќер

2 прашок за печиво

3-4 големи лажици џем по вкус + малку млеко за да се разреди џемот

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер, па кога смесата ќе стане светло жолта и компактна, односно кога шеќерот ќе се растопи, додадете прашок за печиво, една шолја брашно и масло.

Продолжете со матење, а потоа додадете ја втората шолја брашно и млеко.

Убаво изматете а половина од смесата излејте ја во тепсија со величина 20х30 претходно намастена и набрашнета. Испечете до половина па премачкајте со разредениот џем.

Излејте ја и втората половина од смесата па печете до крај. Изладете по желба и наросете со шеќер во прав.

Напомена: ако мислите дека 2 прашоци за печиво се многу, веднаш да ви кажам – не се!

Во рецептот одат 2 шолји брашно од по 250 мл, и заедно со млекото и маслото се добива како еден литар. На оваа количина „идат“ 2 прашоци за печиво.

И јас мислев дека е многу, па првиот пат кога правев ставив еден прашок за печиво, ама излезе тврд и не се сечеше. Баба ми која има 81 година ми објасни дека прашокот за печиво исто како и квасецот никогаш не се мери по брашното, туку дека според течностите кои се ставаат во колачот.