Едноставен и евтин колач за 10 минути…десерт за секој ден, многу вкусен! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за калап 25 x 25 см:

200 г кафеав шеќер
1 лажичка цимет
50 мл вода
4 јајца
1 прстофат сол
100 г мелени/ситно сечкани ореви + 16 половини од ореви за декорација
200 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
50 г чипс/капки чоколадо
200 мл масло

За одозгора:
200 г карамелизирано кондензирано млеко за преливање на колачот/ или чоколадна глазура/ или шеќер во прав

ПОСТАПКА:

1. Во тенџере растопете кафеав шеќер со цимет и вода половина минута минута.

2. Јајцата пенасто изматете ги со прстофат сол 4 минути или додека да згуснат. Потоа во тенок млаз сипете го врелиот сируп во смесата со јајцата и продолжете со матењето.

3. Додајте масло и кратко изматете.

4. Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, сода бикарбоната и капките чоколадо и постепено додавајте ги во смесата со јајца бавно и рачно мешајќи за да остане пенлива.

5. Додајте сечкани/мелени ореви и промешајте.

6. Тестото истурете го во тава за печење со димензии 25×25 cm обложено со хартија и печете на 160°C приближно 40-45 минути.

7. Измешајте го карамелизираното кондензирано млеко со малку врела вода колку за да добиете мазна глазура.

8. Кога малку ќе подизлади колачот премачкајте го со глазура и декорирајте со половините од орев.

Или можете да го залиете со чоколадна глазаура или само да го наросите со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.