Home Десерти ЕДНОСТАВЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ…Брз рецепт со состојки кои ги имате…Се топи во уста…

ЕДНОСТАВЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ…Брз рецепт со состојки кои ги имате…Се топи во уста…

ЕДНОСТАВЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ…Брз рецепт со состојки кои ги имате…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
5 јајца,
6 лажици шеќер,
6 лажици масло,
6 лажици вода,
6 лажици млеко,
6 лажици брашно,
2 лажици какао во прав,
1 кесичка прашок за печиво (12 г),

За сируп:
250 мл вода,
5 лажици шеќер,

За глазура (по желба, не мора):
500 мл слатка павлака,
300 г чоколадо
*наместо глазура можете да го посиепте со мелени ореви/кокос..

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете кремаста смеса. Потоа постепено додајте го маслото, водата и млекото. Постепено додајте ја просеаната мешавина од суви состојки (брашно, какао и п.п.), мешајте полека со шпатула.

2.Смесата сипете ја во калап 20х30 см претходно намастен со путер и печете 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади.

3.Сварете го сирупот ов вода и шеќер (да врие 1 минута), па оставете го да подизлади 10 минути. Оладениот бисквит прелијте го со топлиот сируп.

4.На тивок оган растопете го чоколадото во слатката павлака и оставете 20 минути да се подизлади. Залијте го колачот и оставете го 3 часа во фрижидер пред послужување.