Едноставен, а многу вкусен колач, еден од најдобрите што сум го направила за 10 минути…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 јајца
1 прстофат сол
150 г шеќер (4/5 чаша)
150 мл масло (3/4 чаша)
150 мл млеко (3/4 чаша)
300 г брашно (2 чаши)
15 г прашок за печиво (3 лажички)
100 г сушени цреши/брусница или по ваш избор (1/2 чаша)
За смеса измешајте:
1 јајце
100 г цврст јогурт/кисела павлака (5 лажици)
1 лажица шеќер
1 лажица скроб/нишесте/густин
И уште:
50 грама свежи или замрзнати цреши/боровинки или по избор
Печете во рерна на 180 ° C (360 ° F), 40 минути.
Посипете со шеќер во прав.
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол и шеќер додека смесата да згусне. Додајте масло и млеко, а потоа вмешајте го брашното помешано со прашок за печиво. Изматете со миксер додека да добиете хомогена смеса.
Бобинките по избор помешајте ги со една лажица скроб за да не пропаѓаат во тестото, па сипете ги во него и промешајте. Сипете во калап 28х18 см обложен со хартија и тргнете настрана.
Со лажица одозгора сипувајте од смесата и овошје по избор. Печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога колачот ќе подизлади, посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: