Одлична салата која се приготвува за многу брзо време, а притоа е ефектна и вкусна, на сите им се допаѓа.
Потребни состојки:
100 г сусам
250 г шунка
200 г кашкавал
400 г кисела павлака
Постапка:
Сусамот пропржете го неколку минути додека да добие златна боја.
Шунката и кашкавалот изрендајте ги и ставете ги во подлабок сад.
Пропржениот сусам додадете го во садот со шунката и тука додадете ја и киселата павлака.
Сето убаво промешајте го и оставете малку во фрижидер да излади.
Оваа лесна салата од сусам е одлична за секое годишно време, за секој дел од денот и за сечиј вкус.