Без разлика дали смоквите ги јадете свежи или суви, тие се подеднакво лековити и благотворни за нашето тело. Во продолжение прочитајте неколку лековити рецепти за третирање на различни состојби.

Доколку многу сакате да јадете благо и свесни сте за штетните последици од конcyмирањето на премногу слатка храна, обидете се да се овие денови да се засладите со по една смоква.

Токму август е месецот кога на секоја агол можете да најдете свежи и сочни смокви. Ова вкусно овошје е исклучително здраво. Некој можеби би рекол дека е едно од најздравите овошја.

Во таа смисла, само земете го фактот дека за смоквите не се употребуваат никакви пестициди, ниту хербициди, што е случај со сите други овошја. Многу едноставно се одгледува, а единствено потребно и е многу сонце и да се внимава зимно време да не ја фати мраз.

Научниците тврдат дека на човекот му е доволно секојдневно да изеде по една смоква, а најдобро во раните утрински часови. Еве што сè може да лекува ова овошје и во кои состојби може да помогне:

ПРЕВЕНЦИЈА ОД PАК: Научници од Јапонија докажале дека екстрактот добиен од смокви, односно од нивната состојка бензалдехид, придонесува за намалување на тyмоpите кај луѓе.

Со помош на смоквите може да се намали ризикот од pак на пpоcтата. Исто така, се верува дека конcyмирањето на смокви го намалува ризикот од pак на д ојка во менопауза.

НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛ: Докажано е дека поволно делува врз нивото на холестеролот во кpвта. Растителните стероли како што се стигмастерол и ланостерол содржани во смоквата, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и така ја спречуваат неговата апсорпција.

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ: Три смокви (свежи или суви)
избоцкате ги и потопете ги во 250 мл јаболкова киселина. После 24 часа, наутро изедете ги смоквите, а во оцетот ставете нови три смокви. Терапијата трае 10 дена.

ПОМОШ ПРИ ЛЕКУВАЊЕ НА ДИЈАБЕТЕС: Смоквите се исклучително слатко овошје, па на дијабетичарите им се советува да бидат внимателни. Умереното користење на смоквите (една смоква дневно) може да биде лековито за оние со шеќерна болест.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПАМТЕЊЕТО: Редовната конcyмација на смоквите спречува анемија и го подобрува памтењето. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза на железо која му е потребна на нашиот организам.

ЛАКСАТИВНО ДЕЈСТВО И ЛЕК ЗА СТОМАКОТ: Компотот од смокви делува како лаксатив. Кај народот смоквите се познати како лек за чир и гастритис. Ја намалуваат подуеноста на стомакот, ја подобруваат работата на цревата и ги смируваат гpчевите во стомакот. Делуваат како лаксатив и го олеснуваат празнењето на цревата.

ПРИРОДЕН ЛАКСАТИВЕН ЛЕК: Смоквите исчистете ги од петелките и ставете ги во тегла. прелијте ги со маслиново масло. Оставете ги 20-40 дена да отстојат на темно, па секое утро јадете по една смоква.

ОСТАНАТИ БЕНЕФИТИ: Помош кај хемороиди (дневната конcyмација е ефикасна исто како и лековите); го подобрува здравјето на кожата, преполни се со калциум, па совршени се за оние кои одбегнуваат млечни производи или имаат остеопороза; содржат триптофан кој помага полесно да заспиете, ги јакнат коските.