Една од наједноставните торти во светот. Може да ја направите било кога, а покрај тоа што се приготвува многу едноставно и брзо, во неа ќе уживате со секој залак.

Овошјето може да биде по избор, но највкусно е со малини и други бобинки, па така и количината на шеќерот може да варира во зависнот од тоа колку слатка сакате да ви биде тортата.

Потребни состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 400 г кисела павлака
  • 150 г шеќер во прав
  • 500 г мелени бисквити
  • 500 г смрзнати малини
  • +100 мл млеко ако бисквитите се суви

Постапка:

Изматете ја слатката павлака како шлаг, па додадете кисела павлака и шеќер во прав кои претходно сте ги соединиле во посебен сад.

Соединете ги двете смеси и додадете ги мелените бисквити.

Ако смесата ви е многу густа, додадете малку млеко и повторно промешајте.

На крај додадете ги малините кои мора да бидат смрзнати, бидејќи смесата потоа се става во калап.

На тортата можете веднаш да ставите декорација, или откако добро ќе излади во фрижидер 2-3 часа, или за побрзо, еден час во длабоко замрзнување.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: