Секогаш кога немам многу време, ја подготвувам оваа пита за ручек. Заситна е и многу е вкусна. Кога и да им ја послужам на гостите тие ме опсипуваат со комлименти и мислат дека сум ја правела од домашни кори. Преливот е фантастичен и всушност тој ја прави целата магија. Едноставно, лесно и брзо, запишете си го овој рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со една иста шолја од 150 мл или приближно): 500 г готови кори за пита, 2 шолји млеко, 1/2 кесичка сув квасец (5 г или една мала лажичка), 1 мала лажичка шеќер, 3 јајца, 2 шолји газирана вода, 2 шолји масло, сол по вкус, 500 г сирење, 10 супени лажици брашно




ПОСТАПКА: Загрејте две шолји млеко колку да се замлачи, но не смее да биде врело. Во еден подлабок сад прелијте половина кесичка сув квасец со млако млеко и додајте една мала лажичка шеќер. Добро промешајте за да се растопат состојките, па оставете на топло место 10-тина минути да се активира квасецот.




Во друг подлабок сад скршете три јајца и изматете ги со жица маталка. Додајте две шолји газирана вода и две шолји масло за готвење. Посолете со половина мала лажичка сол, па повторно промешајте за да се изедначат состојките.




Во оваа смеса додајте го и активираниот квасец. Имајте во предвид дека почнувајќи од јајцата, па сè до газираната вода и маслото, сите состојки треба да бодат на собна температура за да не се спречи ферментацијата на квасецот.




Во оваа течна смеса започнете да додавате десет супени лажици брашно со постојано мешање. Потребно е брашното добро да се изедначи и да се впие во течноста, а смесата да нема грутчиња.




Смесата е готова, па отворете ги корите врз работната површина. Одвојте една кора, па премачкјате ја преку целата површина со приготвената смеса. Преклопете ја со втора кора, па и неа премачкајте исто како и првата. Истото сторете го и со третата кора.




Откако ќе ја премачкате и втората кора, на едниот крај (подолгиот) нанесете го филот, во овој случај свежо сирење, па започнете го виткањето: подвиткајте ги малку двата краја за да не истекува филот, па заролајте ја кората во ролат.




Постапката повторете ја и со останатите кори, па би требало да добиете четири ролати. Затоа, уште на почетокот пребројте ги корите и поделете ги на 4 купчиња од по три или четири кори, а соодветно на тоа и филот поделете го на четири дела.




Плех со средна величина намастете го со масло и наредете ги подготвените ролати. Одозгора истурете го остатокот од смесата. Рерната загрејте ја 150 степени, па ставете ја питата во топлата рерна 10 минути. Потоа покачете на 180 степени и печете додека убаво да зарумени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.