Оваа смеса особено се покажала како делотворна за ублажување на детската кашлица и враќање на имунитетот. Овој рецепт е наменет за деца кои со денови кашлаат и од белите дробови им се слуша лесно “шкрипење”.
Имено, една мала чаша од оваа смеса ќе им помогне да ослободат од вишокот залепена слуз и да го зајакнат својот имунитет. Рецептот потекнува од народната, природна медицина.
Потребни состојки:
1 шолја лупен и исчистен овес (или снегулки)
1 шолја шеќер или мед (може и помалку)
1 шолја вода
Постапка:
Овесот измијте го и ставете го во тенџере заедно со шолја вода и шолја шеќер. Шолјата со која се мери е од 200 мл.
Откако ќе зоврие оставете да врие уште неколку минути. Најдобро е сирупот да се свари навечер и да се остави да отстои до следното утро.
Наутро процедете го овесот, а лековитиот сируп складирајте го во стаклено шишенце или тегла.
Се чува во фрижидер. Од оваа количина ќе имате доволно за 4-5 дена.
Примена: Секое утро на празен стомак се пие по една ракиена чаша (30 мл) во следните 40 денови. Потоа се прави пауза од 15 дена, па се повторува постапката.
Важно е да не се прескокнуваат деновите и должината на третманот од 40 дена, одмор од 15 дена и повторно консумација во период од 40 дена. После овој период детето ќе има зацврстен имунитет и веќе нема да склоно на настинки и вирози.
Зошто овес?
Истражувањата покажале дека овесот е една од најдобрите намирници и една од најлековитите билки во природата. Содржи богатство од биолошки лековити соединенија, меѓу кои лецитин, витамини А и Б, белковини и киселини, ниацин, биотин, калциум, железо, фосфор, цинк, калиум, магнезиум, јод и други важни елементи за живите суштества кои во овесот се јавуваат во трагови.
Овесот приготвен како супа или кажа е незаменлива храна за болните кои закрепнуваат од операција на желудник и црева, чир на желудник, жолтица, како и болести на бели дробови и грло, жолчна кеса, бубрези, крвоток и шеќерна болест.