Боровиот полен е еден од најдобрите дарови на природата. Има широк спектар на здравствени својства. Содржи повеќе од 200 биоактивни хранливи материи, витамини, минерали, аминокиселини, фитонутриенти. Се користел во ки-нeскaтa медицина пред повеќе од 2.000 години како лек за подобро здравје, против стареење и долговечност.




Секако, многу е важно поленот кој го користите, да не е контаминиран или третиран, туку да е одгледуван во чиста борова шума. Доколку го купувате, проверете го производителот и проверете дали е 100% природен, без додадени адитиви, шеќер и вештачки бои.




Еве неколку клучни карактеристики на боровиот полен: Ги содржи сите 8 основни аминокиселини или протеини, ги содржи скоро сите витамини од групата Б, содржи витамини Д2 и Д3, а витаминот Д3 инаку многу ретко се наоѓа во растенијата.




Покрај тоа, боровиот полен богат е со полисахариди и е добар детоксикатор и има способност да го прочистува телото и да ја подобрува флексибилноста на зглобовите и сврзното ткиво.




Влијае на подобрување на имунолошкиот систем, ја одржува работата на жлездите на ендокриниот систем и хормоналната рамнотежа, може да ја намали чувствителноста на б олка и ги ублажува воспаленијата.




Штити од грип и настинки, го регулира холестеролот, има заштитни својства против радиоактивно зрачење, има силни антиоксидантни својства, го регулира нивото на теcтостеpон и кај жените и кај мажите. Го регулира нивото на хормоните и ја олеснува менопаузата кај жените, го забрзува метаболизмот и помага да се регулира тежината.




Покрај овие својства, поленот од бор е одличен додаток во исхраната, ја исхранува косата, ги зајакнува оpганcките системи и нивната отпорност, како и издржливоста на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува работата на срцето.




Исто така, одредени состојки на боровиот полен ги зајакнува капиларите. Како правилно се користи борови полен? Свежо набраниот полен може да се додаде во јадења, млеко, јогурт, шејкови или сокови.




Купен во продавница во форма на прав, може да се конcyмира дневно по една лажичка измешана со мед. Се препорачува да се конcyмира наутро пред појадок. Најдобро од сè е тоа што боровиот полен може да се користи неограничено, а резултатите се видливи по еден месец секојдневна употреба.




Можете да направите и тинктура од боров полен. Како растворувач за тинктури, можете да користите фармацевтски ал-кохол до 96 степени, но и квалитетна домашна ракија, направена од овошје (можете дури и вино, оцет или вода). Колку е посилен растворувачот, толку побрз треба да биде процесот на екстракција на состојките.




Односот на растворувачот и поленот треба да биде 5:1 или 10:1, што значи дека 1 литар растворувач содржи 100 до 200 г полен. Чувајте ја смесата во стаклено шише или тегла, на сонце или до топла рерна 8 до 40 дена (во зависност од растворувачот).

Повремено протресувајте. Колку подолго ја оставате смесата да делува, толку е поголема нејзината ефикасност. Кога процесот на екстракција е завршен, време е да се процеди низ повеќеслојна газа.

Добиената тинктура најдобро се чува во добро затворени стаклени шишиња или во шишенца со капалка. Тинктурата се користи 2 до 3 пати на ден. Растворете 20 до 30 капки тинктура во чаша вода, сок или чај.

Ако користите вода како растворувач, таа мора да се дестилира. Вака добиената тинктура треба да се заштити со додавање на прополис или лук. Рок на траење на тинктурите е околу четири години, а оние направени со вода траат многу пократко.