Комбинацијата од мед и јаткасти плодови претставува одличен баланс на витамини кои му се потребни на нашето тело за секојдневно непречено функционирање. Подолу ви пренесуваме неколку комбинации на мед и јаткасти плодови, а на вас останува да го пронајдете вашиот омилен.
За читателите на НМД првиот рецепт ни доаѓа од нашата пријателка г-ѓа Рената Трајчевска. Таа вели дека оваа мешавина редовно ја приготвува секоја есен и зима за своите најмили, но и за пријателите на кои им е потребно зајакнување на имунитетот. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ. По 50 грама од следниве јаткасти плодови, семки и семе: ореви, бадеми, лешници, ф‘стаци, кикирики, индиски ореви, бразилски ореви, ленено семе, сусам, семки од тиква; сите непечени.
Потоа, потребни се следниве состојки: 1 лажичка цимет, 2 лажички сув ѓумбир во прав, 25 г пчелин поленов прав и 1 кг мед (или по потреба, во зависност од посакуваната густина). ПОСТАПКА: Сите состојки се мелат во блендер и се мешаат во поголем сад додека да се изедначат.
Потоа се додава медот и убаво се меша до изедначување. Кога ќе добиете хомогена смеса, истата складирајте ја во стаклени теглички, претходно стерилизирани. Чувајте на ладно и темно место. УПОТРЕБА: 1-3 лажици на ден за зајакнување на имунитетот.
РЕЦЕПТ 2. Мед, ореви и лимон. Наједноставна комбинација за подготовка. Потребни ви се половина килограм мед, половина килограм ореви и еден лимон. Сите состојки треба да се соединат и да се чуваат во стаклена тегла. Оваа мешавина можете да ја конcyмирате на секои три до четири часа. Им помага на луѓето кои стра-даат од хроничен замор, главоболки и несоница.
РЕЦЕПТ 3. Мед, јаткасти плодови и суво овошје. За оваа комбинација потребни ви се 200 г од следните состојки: суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед и еден лимон со кора.
Сите состојки треба да се ситно исечкани и соединети и да се чуваат во стаклена тегла во фрижидер. Оваа мешавина се зема двапати на ден, наутро на празен стомак и навечер пред спиење. Им помага на луѓето со ослабен имунитет, го намалува ст-ресот и го штити мозокот, а го намалува и холестеролот.
РЕЦЕПТ 4. Мед и јаткасти плодови. За оваа комбинација ви се потребни 200 г мед, ореви и бадеми. Исечкајте ги оревите и измешајте ги со медот. Оставете го натопено неколку дена и почнете да го конcyмирате.
Се препорачува да се земa една лажица наутро на празен стомак. Оваа комбинација помага за зајакнување на имунолошкиот систем, за луѓе кои п атат од несоница и кои се изложени на ст-рес. Изберете ја вашата омилена мешавина со мед и бидете здрави.