Еве како правилно да подготвите салата од зелка!
Зелката како намирница веројатно е позната уште многу одамна. Уште во римско време во својот трактат за полјоделството Катон Постариот ја опишал зелката и особено се задржал на нејзините лековити својства. Листовите ги користиме како облога кај изгореници, додека со расолот го лекуваме мамурлакот.
Кај нас веројатно помалку е познато делото на споменатиот римски државник, но долго било всадено мислењето дека зелката е „зеленчук на сиромашните“, без некое посебно научно познавање. Вистина е дека во свежа состојба изобилува со огромно количество на хранливи материи, додека при готвењето голем дел од нив се губат.
Тоа мислење потекнува токму од фактот што ние овде веќе со векови повеќе ја сакаме зелката готвена, печена или пржена, отколку свежа во салата. Кога веќе сме кај тоа што се мислело порано во нашите краишта, тогаш да споменеме и дека отсекогаш се сметало дека децата ги носат штркови, додека во некои европски држави како што е Франција, постоела легенда дека децата се раѓаат во зелка.
Оттаму поради ваквото значење, на зелката во поедини западни култури и се припишува симболиката на една таква важна работа како што е човековиот живот. Зелката има особено богат нутритивен состав. Овој зеленчук се одгледува со векови низ поголемиот дел од светот. Така и кај нас, зелката е присутна во традиционалната кујна во најразлични облици.
Салатата од зелка е омилена бидејќи е едноставна, евтина и освежителна, па совршено одговара како прилог со различни вкусни јадења од месо.
Иако се приготвува од само неколку состојки, можно е да се направи грешка што ќе ја направи салатата да биде како гумена и безвкусна. Кога ќе ја исечете зелката, знајте дека како и секој друг зелечук кој содржи висок процент на вода, така и таа ќе го ослободи сокот што природно го содржи.
Многу домаќинки ја ставаат исечканата зелка во подлабок сад, ја посолуваат, а потоа само ја преливаат со масло и оцет, но токму тоа е погрешниот начин за приготвување на салатата од свежа зелка.
Прво, посолете ја зелката и додадете малку шеќер (прстофат или половина кафена лажичка, во зависност од количината), па изгмечете ја со рацете и оставете ја да отстои во садот неколку минути. Кога ќе го ослободи вишокот вода, процедете ја зелката и пренесете ја во сад за сервирање.
Дури сега додајте масло и оцет, промешајте, а потоа додајте сол уште еднаш, бидејќи на тој начин солените кристали рамномерно ќе го обложат зеленчукот, наместо само да се истресат на дното на садот. Како вие ја приготвувате салатата од зелка и дали имате некој свој метод – споделете во коментар!
Зелката е богат извор на различни хранливи материи
Иако во најголем процент, таа е составена од вода, па така има ниска калориска вредноста, сепак претставува богат извор на низа од микронутриенти. Зелката содржи многу малку калории (во 100 г околу 25 калории), а изобилува со јаглехидрати, протеини, растителни влакна, витамин К, Ц, Б6, Б9, манган, калциум, калиум, магнезиум. Зелката исто така содржи во помал процент и витамин А, железо и витамин В2.
Витамините В6 и В9 се особено значајни за метаболитичките процеси и нормалното функционирање на нервниот систем. Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти како што се полифенолните, некои сулфурни соединенија и витаминот С.
Антиоксидантите го штитат организмот од штетното дејство кое може да го предизвикаат слободните радикали. Слободните радикали се молекули со помал или поголем број на електрони во орбиталите, што ги прави нестабилни. Тоа значи дека се силно реактивни.
Кога нивниот број би се зголемил значително, тие можат да стапат во различни реакции со клетките кои би биле доста штетни за организмот. Ваквите процеси водат до хронични инфламаторни процеси, а тие пак кон хронични заболувања.
Зелката изобилува со витамин Ц
Освен веќе споменатото антивоспалително дејство, витаминот Ц има и едно друго многу значајно својство. Овој витамин е помеѓу најзначајните за правилното дејство на имуниот систем. Покрај овие ефекти, витаминот С е потребен и за синтезата на колаген. Колагенот е помеѓу најприсутните протеини во организмот. Тој е клучен за структурата на кожата и поседува функционални својства важни за коските, мускулите и кр-вните садови.
Ја подобрува дигестијата
Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најважните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перистатиката на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во кр-вта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во кр-вта.
Зелката може да помогне за одржување на здравјето на срцето
Зелката во својот состав содржи компоненти наречени антоцијанини. Овие пигменти кои претставуваат флавоноиди, го даваат специфичниот вкус на овој зеленчук. Зелката содржи 36 различни видови на вакви моќни антоцијанини. Воспалителните процеси се зголемувачи на ризикот од срцеви заболувања, а позитивниот ефект на антоцијанините се должи токму на нивното антиоксидативно дејство.
Може да помогне и во намалувањето на нивото на холестерол во кр-вта
Покачени нивоа во кр-вта можат да водат до зголемен ризик од развивање на различни заболувања, најчесто кардиоваскуларни заболувања. Зелката содржи две супстанции кои покажуваат снижувачки својства во однос на нивоата на ,,лошиот”, LDL холестерол во кр-вта. Тие две компоненти се растворливите растителни влакна и фитостеролите.
Исто така, зелката ги содржи сите најважни витамини како А, Б 1 и Б2, Ц и К. Тие се неопходни за правилно функционирање на организмот. Сокот од зелка има повеќе витамин Ц отколку портокалот. Тој е најдобриот извор на калиум, кој има значајна улога во регулирањето на работата на срцето и нервниот систем. Во 100 мл сок од зелка има само 23 калории, па затоа често се користи како исхрана за време на диета.
Ја подобрува кр-вната слика
Пиењето на овој сок може значително да ја подобри кр-вната слика. Првенствено се препорачува за млади жени, кои имаат обилни кр-вавења при менструални циклуси.
Ја намалува вознемиреноста и нервозата
Пиење свеж сок од зелка се препорачува за ублажување на анксиозноста и нервозата. Сокот од зелка може да го подобри спиењето и да ја елиминира несоницата затоа што делува релаксирачки и смирувачки врз телото и мускулите.
Сок од зелка за белите дробови
Овој пијалак може да има корисен ефект врз респираторниот тракт. Свежо цеден сок од зелка е спас за секој што страда од гастритис. Исто така се препорачува за луѓе кои имаат проблем со варење и бавен метаболизам.
Потребни состојки: една главица зелка.
Подготовка: Измијте ја зелката добро, што ќе ја користите за подготовката на сок. Исечкајте ја зелката на парчиња и ставете ја во соковник. Блендирајте сè додека да добиете густ сок. Можете исто така да го комбинирате сокот од зелка со друг зеленчук. Доколку сокот е густ, разредете го со вода по желба.