Авокадото е тропско овошје, но многу лесно може да се зафати од семка и секој од нас да си го одгледува во саксија. Плодот се користи за проблеми со дигестивниот тракт, во разни диети, но често е запазен и во разни рецепти за салати и јадења.

Листот и семката на авокадото се исто така корисни за здравјето. Листовите содржат многу корисни супстанции како што се: флавонол, кверцетин, гликозид, полифенол, естрагол, алфа и бета пинен, лимонен, серотонин, флавоноиди…

Чајот од листови од авокадо може да заштити од дегенеративни болести како што е остеоартритис. Спречува прерано стареење.

Листовите од авокадо содржат и кверцетин кој делува како диуретички агенс. Содржат и полифеноли и пинен, супстанции кои го спречуваат растот на бактериите, па затоа овој чај е погоден и за спречување на било каква инфекција во организмот.

Освен тоа, овој чај го спречува опаѓањето на косата доколку секоја вечер се масира темето и се остава да делува до следниот ден.

Листот од авокадо исто така може да се користи и за: престанок на главоболки, против запек, за смирување, против забоболка и болки во стомак.

Честопати се користи за спречување на уринарни инфекции, за хипертензија, дијабетес, исфрлање на цревни паразити, за топење на камења во бубрези, ублажување на кашлица и настинки, за намалување на холестерол, висок крвен притисок..

ЧИСТЕЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ СО ЧАЈ ОД ЛИСТОВИ ОД АВОКАДО

Потребни состојки:

7 свежи листови од авокадо
2 литри вода

Постапка:

Варете ги листовите во вода, 10-15 минути, процедете и оставете да излади. Приготвениот напиток пијте го по една чаша наутро и една навечер во текот на 10 дена. Подобрување ќе забележите за само неколку денови.