„Здраво на сите, овојпат сакам да ви откријам еден исклучителен напиток кој лично го користам долг период, речиси секој ден. Одличен е за подобрување на квалитетот на сонот, за зајакнување на имунолошкиот систем, а исто така, превенира од разни болести“, вели хрватскиот доктор Марио Лабудовиќ.




„Меѓу другото ја подобрува дигестијата, а поседува и антикан-церни својства, а сето тоа благодарение на состојките од кои се приготвува, а кои имаат исклучително лековити својства.




Овој напиток произлегува од напитокот наречен „златно млеко“, за кој претходно ви говорев, на кој јас му додадов уште неколку состојки, со што му се надградија неговите лековити својства и бенефити за нашето здравје.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл млеко (органско или бадемово), 1/2 лажичка органска куркума во прав, 1/2 лажичка цејлонски цимет во прав, 1/4 лажичка органски ѓумбир во прав, 1 прстофат мелен црн пипер, 1 мала лажичка органско какао во прав, 1 лажичка мед




РЕЦЕПТ: Земете 200 мл млеко, но најдобро да биде некое органско произведено. Исто така, може да користите и некое растително млеко (особено за сите интелерантни на лактоза) како што е бадемовото млеко на пример.




Млекото ставете го во некој сад на рингла, и вклучете го да се загрева на многу тивок оган. Потоа подгответе ги останатите состојки, кои барем 4-5 од нив секој треба редовно да ги има во своето домаќинство. Најдобро е да бидат органски (јас ги набавувам преку интеренет).




Една од главните состојките е органска куркума во прав, што е многу важно, бидејќи откако овој зачин стана познат, на пазарот се појавија разни негови видови со сомнителен квалитет.




Во топлото млеко додајте половина лажичка куркума во прав, половина лажичка цејлонски цимет во прав и четвртина лажичка ѓумбир во прав. Потоа додајте еден прстофат црн пипер во прав (најдобро свежо сомелен) и една мала лажичќка органско какао во прав.




Промешајте ги сите состојки во топлото млеко за да се растопат и соединат, за што се потребни околу 2-3 минути. Претурете го топлото млеко во чаша и оставете 10-тина минути да се подизлади. Потоа додајте лажичка мед или јаворов сируп, стевија и сл.




Овој напиток може да се пие преку целиот ден, но најдобро е да се приготви навечер и да се испие пред спиење, зошто овозможува мирен и квалитетен сон, а наутро кога ќе станете ќе бидете полни со енергија.




Јас лично го пијам некаде после пет часот попладне. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне мојата подобрена верзија на златното млеко. Користете го и вие овој напиток и бидете здрави“, порачува д-р Марио.