Нането се користи со векови како природен лек за широк спектар на болести и за одржување на општото здравје и благосостојба. Од сите здрави билни чаеви во светот, чајот од нане е најшироко користен и ценет.
Чај од нане, вкусен и смирувачки пијалак, честопати го препорачуваат алтернативни исцелители, билкари па дури и доктори, како лек за разни заболувања и широко применлив медицински тоник, корисен за телото и умот на многу начини.
Ја олеснува главоболката
Некои луѓе кои стра-даат од главоболка не им требаат аналгетици. Следниот пат кога ќе имате главоболка, изедете свеж или сув лист нане наместо да пиете аспи-рин или некој друг аналгетик. По неколку минути ќе забележите дека б олката исчезнала.
Чајот од нане често е ефикасен во спречување на главоболките предизвикани од с трес или лоша исхрана. Таквите главоболки обично ги стеснуваат кр-вните садови во мозокот.
Чајот од нане ги проширува овие стеснети кр-вни садови, носејќи им олеснување на многумина кои стра-даат од честа главоболка. Дури и мирисот на чај од нане (или маслото од нане) може да помогне при главоболки, како и при настинка. Ова масло се користи во ароматерапијата.
Ги чисти синусите
Ментолот е природна хемикалија која му дава освежителен и силен мирис на нането. Ментолот е добар и против проблеми со синусите, затоа што ги смирува воспалените мукозни мембрани на синусите и грлото, ја разредува слузта (така што има мали шанси за запушување на синусите и проблеми со дишењето) и делува како деконгестив (пробива блокади од слуз). Дури и само вдишување на пареата од чај од нане може да ја разреди слузта.
Смирува вознемирен стомак и црева
Чајот од нане понекогаш се нарекува дека е најдобриот лек за стомакот затоа што е познато дека ослободува од бројни гастроинтестинални заболувања, вклучувајќи б олки и гр-чеви во стомакот, рефлукс, гасови, лошо варење и дијареа.
Особено е ефикасен после јадење или пред спиење – особено ако сте имале доцна вечера и имате рефлукс и киселини после јадење. Бидејќи се покажа дека маслото од нане ефикасно го третира синдромот на нер-возни црево, многу лекари веруваат дека редовната кон-сумација на чај од нане може да помогне при оваа болест.
Ја подобрува менталната јасност и конфузност
Докажано е дека чајот од нане ја подобрува функцијата на мозокот со зголемување на менталната будност (и покрај тоа што не содржи кофеин), подобрување на меморијата и намалување на с тресот.
Исто така, се покажал дека им помага на оние кои постојано патуваат на работа да возат побезбедно (неговиот смирувачки ефект може да ги намали фрус-трациите поврзани со сообраќајот) и да ја намали возне-миреноста кај студентите кои полагаат испити.
Ги смирува мен-струалните грчеви
Спазмолитичкиот ефект на ментолот ги ублажува гр-чевите во мускулите – особено мускулите на ѕидот на матката. Две до три чаши чај од нане на ден во деновите пред и за време на мен-струацијата може да ги ублажат гр-чевите во мен-струацијата кај многу жени.
Како да направите чај од нане
Започнете со додавање на свежи или суви лисја од нане. Една лажица свеж лист нане на чаша вода. Додајте го нането во зовриена вода. Оставете го да отстои 5 – 10 минути по зовривањето.
Ако сакате навистина силен чај, можете да оставите да отстои 15 минути. По изминатото време, процедете го чајот. За да ги искористите здравствените придобивки од нането, испијте го чајот додека е се уште топол, но не врел.
Можете исто така да мешате нане со други билки кога подготвувате чај. Многу е вкусен во комбинација со лаванда, ѓумбир, што е добро за варење на храната и семе од анасон, за детоксикација.
Несакани ефекти на чајот од нане
Иако чајот од нане е одличен и здрав пијалак, тој исто така има неколку можни несакани ефекти. Избегнувајте чај од нане во следниве случаи: Ако стра-дате од гастроезофагеален рефлуксен третман (ГЕРБ).
Чајот од нане делува релаксирачки и може да предизвика премногу релаксирање на долниот прстен на мускулот (сфинктер) на желудникот и хранопроводот. Ако ви е дијагностициран ГЕРБ, кон-султирајте се со вашиот лекар пред употреба.
Но, доколку рефлуксот и киселините се повремени тогаш чајот од нане може да помогне при намалување на овие симптоми. При бременост не треба да се кон-сумира голема количина од овој чај.
Чајот од нане инаку се смета за многу безбеден, ефикасен природен лек. Ако имате какви било загрижености или прашања во врска со несаканите ефекти кон-султирајте се со вашиот лекар пред употреба.
15 употреби на нането кое можеби не сте ги знаеле
Одгледувањето на нане во вашиот двор и градина ќе го ослободи неговиот смирувачки мирис и ќе ја исполни градината со корисни инсекти. Нането е богат со нектар и полен и ќе стане брзо и лесно достапен за корисните инсекти како што е пчелата.
И покрај тоа што ги привлекува добрите инсекти, нането ги одвраќа сите „лоши” инсекти кои можат да ги уни-штат цвеќињата во вашата градина. Нането како што помага и на цвеќињата, корисен е и за домашните миленичиња бидејќи ги одвраќа болвите.
Направите микс од 2 китки свежо нане, 1 китка свежа мајчина душица и 1 китка свеж пелин. Сето тоа ставете го во мало платнено ќесе и сместете го под или до омиленото лежиште на вашиот миленик.
Етерично масло додајте во домашните прочистувачи како правосмукалка или пегла за алишта. Одличен е за чистење на мебел од дрво, бетон или плочки. Разредете чаша бел оцет во 3 литри вода и додајте 3 – 5 капки од нане етерично масло.
Нането е супер освежувач на ладните пијалаци. Додај гранче свежо нане да отстои во вода или обичен ладен чај и послужете. Нането се става и во ароматична освежувачка вода.
Нането се додава и при подготовка на месо, или зеленчук неколку минути пред да завршите со готвењето. Дава специфична арома и преубав мирис кој ќе се прошири низ целиот дом.
За ослободување од лошиот здив, изџвакајте 1 лист нане, а лошиот здив ќе исчезне за неколку секунди. Чајот од нане е одличен начин да се олеснат тегобите во стомакот. Нането помага при смирување на дигестивниот тракт и го олеснува варењето, цревните гасови и стомачните гр-чеви.
Инхалација со нане може да помогне во чистење на синусите и застој како и бор-бата против инфекции. Во тенџере ставете вода и почекајте да зоврие, а потоа додајте неколку капки есенцијално масло од нане или свежи листови и потпрете се врз тенџеререто, ставете крпа над вашата глава и вди-шувајте ја пареата на нането.
Есенцијалното масло може да го подобри вашето расположение и да се намали чувството на га-дење. Едноставно додајте неколку капки масло на чисто марамче и вди-шувајте од него.
Помага и при намалување на симптомите на мигрена и мускулни гр-чеви. Можете исто така да направите едноставна облога за да се ослободите од главоболката: Ставете 3 чаши топла вода и во нив 3 чајни ќеси од нане. Во покриен сад оставете да отстојат 5 – 7 минути, а потоа извадете ги ќесички со чај и додајте мраз. На ткаенина или газа натопете го ладниот чај и ставете го на челото додека мирувате.
Нането е одличен пилинг за нозете. Направете комбинација од 1 чаша морска сол, 1/3 чаша маслиново масло и 6 капки нане есенцијално масло. Нанесете го пилингот на нозете и стапалата, а по 30 минути исплакнете со вода.
Нането ги смирува из-горениците од сонцето. Ставете го свежиот лист директно на болното место или направете чај кој ќе го поставите на газа. Го смирува црвенилото и помага во лекување на отворени ра-ни. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска