Американскиот Национален Институт за Канцер потврди дека аспарагусот од сите други намирници, содржи најмногу глутатион, состојка која се смета за една од најсилните антиоксиданси со антиканцерогено дејство.
Аспарагусот е пролетно растение, се бере помеѓу март и мај, а некогаш до јули. Особено се цени поради својот сочен вкус, но и поради своите хранливи состојки.
За посебното дејство врз ракот пишувал еден биохемичар, специјализиран за областа од здрвствените диети со долгогодишно искуство, во својата статија со наслов “Аспарагус за рак” која беше објавена во научното списание Cancer News уште во декември 1979 година.
Неговото писмо во кое се наоѓаат сведоштва за излекување од рак, токму со помош на аспарагус, го пренесуваме во целост. Оттогаш, не биле направени нови истражувања кои би го докажале тврдењето на овој доктор.
Дури во 2009 година беше направена една мала студија во која се потврди антиканцер дејството на глутатионот, но на клеточно ниво. Ова е писмото кое се споделува години наназад:
“Пред неколку години читав за откритието на д-р Ричард Р. Венсал, дека аспарагусот може да лекува рак. Воспоставив врска со него и започнав да работам на тој проект и собрав бројни позитивни здравствени случаи, од кои некои ќе ги наведам овде:
-Случај 1: Маж, со речиси безнадежен случај со рак на лимфни јазли бил целосно неподвижен. Во рок од една година од почетокот на терапијата со аспарагус, неговите лекари не можеле да откријат никакви траги од рако.
–Случај 2: Успешен 68-годишен деловен човек, со рак на мочен меур, се лекувал 16 години. После долгогодишна медицинска терапија, вклучително и зрачење, ја започнал терапијата со аспарагус. Во рок од три месеци прегледите покажале дека неговиот рак на меурот исчезнал, а бубрезите се нормални.
-Случај 3: Маж со рак на бели дробови: 5 март 1971. Бил опериран при што било утврдено дека неговиот рак е толку раширен, што не можело да се отстрани по хируршки пат. Хирургот само го сошил и неговиот случај бил прогласен за безнадежен. 5 април овој маж дознал за терапијата со аспарагус и веднаш ја започнал. Во август на рендген снимката го немало ракот.
-Случај 4: Жена која со години се борела со рак на кожа. Со текот на времето се развиле неколку дополнителни жаришта, па нејзиниот лекар констатирал дека болеста напредлала. После три месеци терапија со аспарагус било утврдено дека состојбата многу се подобрила и дека кожата повторно е во ред.
Истата пациентка потврдила дека ги излекувала и болните бубрези со чија болест се борела од 1949 година. Бубрежните каменчиња ги оперирала веќе 10 пати, па дури добила и инвалиднина поради дијагнозата – неизлечива болест. Оздравувањето го препишува на терапијата со аспарагус.
Не бев изненаден ниту од резултатите од книгата “Елементарна медицина” која во 1854 година ја напишал професорот од Универзитеит Пенсилванија, каде се наведува дека аспарагусот бил употребен како народен лек против бубрежни каменчиња. Наведени се дури и испитувања за способноста на аспарагусот да ги растворува бубрежните каменчиња.
Би претставил и други случаи, но официјалното медицинско здружение ми го отежнува добивањето на здравствените досиеа. Затоа апелирам на читателите, да бидат посредници на овие добри вести и натаму, да добиваме што поголем број на потврди за излекувани случаи, за да можеме медицинските скептици да ги увериме во делотворноста на тој неверојатно едноставен и природен лек.
Еве го рецептот:
Пред употреба аспарагусот треба да се свари и да се изгмечи како пире. На болниот му се даваат 4 полни супени лажици од ова пире, двапати дневно, наутро и навечер.
Пирето може да се разводнува и да се пие како топол или ладен напиток.
Оваа терапија се заснова врз темелот на досегашните искуства, па лесно може, во зависност од случај до случај, дозата да се зголеми или прилагоди по потреба, бидејќи не може да наштети. Првите знаци за подобрување обично се покажуваат после 2-4 седмици од почетокот на примената.
Како биохемичар, верувам во старата изрека:
“Подобро да се спречи токолку да се лечи”, па по таа логика со жената го пиеме напитокот од аспарагос за време на оброк.
По две лажици пире го разредуваме со вода и го пиеме наутро и навечер, јас топло, а жена ми ладно… Веќе со години ја контролираме крвта.
Последниот преглед на крвта покажа подобрување на сите прегледани елементи. Таквиот резултат и го препишувам на терапијата со аспарагус.
Аспарагусот содржи значителна количина протеини наречени хистони, за кои се верува дека се активни во процесот на раст на клетките. Од тие причини, верувам дека може да се каже дека аспарагусот содржи супстанција која јас ја нарекувам нормализатор на растот на клетките, а која делува врз карциномот.
Без разлика на теоријата, употребата на аспарагусот е целосно безопасна. Никој, ниту државната власт, не можат да ви забранат да ја користите оваа намирница.
Американскиот Национален Институт за Канцер потвврди дека аспарагусот на скалилото од тестирана храна по количина на глутатион, се смета за еден од најсилните антикаерогени и антиоксиданси” – напишал на крајот од своето писмо овој биохемичар.