Наталожените токсини можат да предизвикаат општ пад на имунитетот, поспаност, слаба концентрација, слабост, чести настинки и лошо расположение.

ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ СО ИЗМИЕН ОРИЗ

-дава многу добри резултати и многу е корисно

1.Избројте онолку супени лажици ориз, колку што имате години;

2.Измијте го и ставете го во поголема стаклена тегла;

3.Теглата наполнете ја со топла, превриена вода, затворете ја со капак и ставете ја во фрижидер.

4.Наутро водата исцедете ја. Земете една полна лажица ориз и варете го 3-4 минути без сол, во друга, обична вода;

5.Изедете го оризот на празен желудник;

6.По користењето на оризот не јадете најмалку 3 часа.

7.Преостанатиот ориз повторно прелијте го со превриена но изладена вода и оставете го во фрижидер;

8. Процедурата повторувајте ја секој ден, додека да го изедете сиот ориз.

9.Резултатите започнуваат да се чувствуваат по две недели.

Во што се крие тајната:

Тајната лежи во испирањето на зрната од скробот па во цревата тие делуваат како апсорбент (впивач). Токсините се исфрлаат преку урината и столицата.

За време на третманот пијте многу вода, најмалку 2 литри и зелен чај.

Со оваа метода се прочистуваат цревата, крвните садови, зглобовите и другите делови од организмот, тешките метали и други штетни материи. Се регулира метаболизмот и високиот крвен притисок.