Евтин и брз ручек, прсти да излижеш!

Потребни состојки:

500 г пилешки џигер
2 главици црвен кромид
2 чешниња лук
2 жолти пиперки
2 црвени пиперки
50 мл доматен сос
50 мл црно вино
2-3 лажици брашно
1 лажичка црвен пипер во прав
сол, сув зачин, црн пипер, магдонос

Постапка:

Пилешкиот џигер извалкајте го во брашно и пропржете во загреано масло додека да зарумени. Потоа џигерот тргнете го на страна во некој сад и поклопете го за да остане топол.

Кромидот и лукчето ситно исечкајте ги, а пиперките исчистете ги од семето и исечете ги на коцки.

Во истото масло во кое се пржеше џигерот пропржете го прво кромидот, малку посолете го, додадете ги пиперките и лукот, па динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне.

Потоа додадете црвен пипер во прав, брзо промешајте, додадете доматен сос и црно вино и околу 100 мл топла вода. Оставете да крчка 1-2 минути.

Потоа во садот вратете го пржениот џигер, по потреба додадете уште малку врела вода, во зависност од густината која ја сакате. Посолете, запиперете и ставете сув зачин по вкус, па гответе уште 10-тина минути на умерено со повремено мешање.

На крај додадете сечкан магдонос.

На страна сварете палента и во неа додадете малку путер, па сервијате како прилог со џигерот во сос.