Сите поборници на природната медицина знаат колку таа е ефикасна и колку е важна за нега на кожата. Не само што овие природни препарати се поевтини, туку и многу поефикасни од купечките кои се преполни со разни адитиви, стабилизатори и конзерванси. Единствена мана на домашните производи е тоа што немаат долг рок на траење и мора да се чуваат во фрижидер, пишува НМД.мк




Кромидот е фантастична намирница која се користи не само во кујната, туку и во народната медицина, но и во природната медицина. Со една главица кромид може да се приготви фантастичен крем против cтаpeење.

Кромидот содржи активни состојки и драгоцени состојки кои и помагаат на кожата да изгледа помладо, спречува cтаpeење и ги намалува бpчките и ситните линии и неправилности од кожата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ 1: 1 главица кромид, 1 лажица скроб/нишесте/густин, 1 лажица мед, 1 лажица алое гел. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ 2: 1 супена лажица ленено семе, 80-100 мл вода, 1 лажица кокосово масло, неколку капки витамин Е (течен витамин Е може да се најде во аптеките)




ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КРЕМ 1: Кромидот излупете го а потоа изрендајте го ситно на ренде или во блендер. Ставете го во двојна газа и убаво исцедете го за да добиете што повеќе сок. Истискајте со рацете за да излезе што повеќе сок.




Во сокот од кромид додајте една лажица густин, па промешајте додека да се раствори. Потоа ставете на умерен оган и со постојано мешање сварете го додека да се згусне. Ова се постигнува за неколку минути. Добиената смеса префрлете ја во некој сад и оставете да се олади. Ова е основната смеса.




Од основната смеса земете една лажива и ставете во посебен сад (остатокот ќе го искористите за вториот крем), а потоа додајте една лажица мед и една лажица алое гел. Промешајте добро додека да се изедначат сите состојки, па вашиот еликсир е готов.




Спакувајте го во соодветно кутивче со капак и чувајте го во фрижидер. Се нанесува на чисто лице, се прави блага масажа во времетраење од 2 минути и се остава да делува половина час. Потоа се мие со млака вода.




ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КРЕМ 2: Во едно мало тенџере ставете една лажица ленено семе и додајте една мала чаша вода, па ставете на умерен оган да се вари 15 минути. Оставете да се олади па течноста процедете ја низ газа.




Целата течност од лененото семе додајте ја во остатокот од претходно зготвениот крем од кромид. Добро промешајте додека двете состојки да се соединат во еднолична смеса. Потоа додајте една лажица кокосово масло и неколку капки течен витамин Е.




УПОТРЕБА: Измијте го лицето со млака-топла вода за да се отворат порите, а потоа нежно избришете го со тапкање. Потоа нанесете ја кремастиот еликсир на кожата од лицето и вратот. И двете креми можат да се користат и за областа околу очите.




Потребно е да се масира кожата две минути, а потоа да се остави да делува половина час, по што се измива и се нанесува хидрантен крем. Се користи секоја вечер пред спиење. Рок на траење една недела.