Тестото излегува малку меко, но не грижете се, такво треба да биде. Месењето на тестото исто така се разликува од вообичаено, бидејќи само нежно се формира топче со прстите, а најдобро ќе видите во видео-рецептот подолу. Ова лепче е превкусно!

Потребни состојки:

250 г сенаменско брашно + за домесување

5 г (1-1/2 лажичка) сув квасец

25 г (2 лажици) шеќер

1/2 лажичка  сол

42 г (3 лажици путер, растопен)

125 мл топло млеко

1 јајце разматено

За премачкување:

2 лажици растопен путер

2 лажици сечкан млад лук

1/2 лажичка сол

Сето добро да се промеша

Постапка:

Сите состојки измешајте ги и замесете меко тесто. Оставете да надојде, па со натапкување со прстите развлечете кора. Исечете ја површински како баклава или на коцки, премачкајте со јајце и со мешавината со лукот, а помеѓу наредете сечкана моцарела. Печете на 200 степени, 20-25 мин, во зависност од рерната.

Рецепт: