Од оваа смеса се добиваат околу 20 црно-бели мафини, но и тоа секако зависи од величината на калапите кои ќе ги користите. Од истото тесто можете да приготвувате мафини со различни вкусови, на вистина овој рецепт вреди да си го запишете.




Потребни состојки: 3 јајца, 150-200 г шеќер (по вкус), 150 г путер или маргарин, 300 г брашно, 30 г какао во прав, 1 кесичка прашок за печиво, 200 мл млеко (ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ: 300 г меко брапно, 20 г какао, 1 прашок за печиво, 180 г шеќер во прав, 200 мл млеко, 2 јајца, 150 г растопен и оладен путер)




Постапка: Растопете го путерот и оставете го да подизлади. Брашното просејте го и измешајте го со прашокот за печиво. Одвојте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги со постепено на додавање на шеќерот.




Матете додека да добиете густа смеса, а шеќерот да се растопи. Во снегот од белки една по една додавјте ги жолчките со непрекинато матење на миксерот. Потоа соединете ги со путерот и млекото, а на крај додајте го брашното.




Добиената смеса поделете ја на два дела, а во едниот ставете 30 г какао во прав и кратко промешајте додека еднакво да се распореди и да добиете кафеава смеса. Подгответе ги калапите и намастете ги со путер.




Полнете ги истовремено со двете смеси (како што е прикажано во видеото подолу), внимавајќи да не се помешаат. Не ги преполнувајте калапите зошто тестото дополнително ќе нарасне при печењето.




Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25-30 минути. Колачот можете да го збогатите со арома на ванила, руѕм или кора од лимон или портокал. Деталите од целата постапка можете бда ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте и како се прават најубавите чоколадни мафини:




Чоколадни мафини за 20 минути готови – слатки, вкусни, неодоливи…

Чоколадните мафини се брзи колачи кои секој ги сака. Се топат во уста меки, се мирисни и …чоколадни. Може да ги приготвувате во силиконски мафини, калапи добро намастени со путер и наросени со брашно/густин или какао, или пак во хартиени корпички.




Потребни состојки: 250 г брашно, 120 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 4 лажици какао во прав, 1 мала лажичка сода бикарбона, 200 г чоколадо за готвење, 100 мл масло сончогледово, 240 мл млеко и 1 јајце




Постапка: во еден сад измешајте брашно, какао, прашок за печиво, шеќер, сода бикарбона и ванилин шеќер. Во друг сад изматете јајце, па додадајте млеко и масло.
Мешавината од суви состојки постепено додавајте ги во другиот сад, па заедно добро измешајте ги за да се соединат состојките.




Чоколадото исечете го на помали парчиња или изрендајте го, оставете малку настрана за поросување, а остатокот додадете го во смесата. Смесата излејте ја во калапи, до половина отприлика, па поросете со малку чоколадо одозгора. Печете 20 минути на 200 степени.