Фото и рецепт: Пупагтз
Овој рецепт ме воодушеви со својот изглед. Создаден е од комбинација на три рецепти од јутјуб.
Потребни состојки:
2 јајца
150 г шеќер
1 прстофат сол
10 г ванилин шеќер (1 кесичка)
150 мл масло
70 г кефир или кисело млеко
8 г прашок за печиво
100 г густин
400 г + 50 г брашно
35 г какао во прав
за фил:
220 г суво грозје
120 г мелени и ситно сечкани ореви
цимет по желба
Постапка:
Во еден сад ставете јајца, сол, шеќер и ванила, па со жица за матење кратко измешајте ги и соединете ги. Потоа додадете јогурт и промешајте. Потоа додадете масло и промешајте.
Потоа додадете густин и повторно промешајте. Брашното помешано со прашок за печиво постепено додавајте го и на крај замесете го тестото со раце. Треба да добиете меко и ровко тесто.
Поделете го на два дела, па во едниот додадете какао и добро соединете го со тестото. Завиктјате ги тестата во проѕирна фолија и оставете ги во фрижидер 15-20 минути.
Во меѓувреме, во блендер сомелете ги оревите и сувото грозје (може еден дел да сомелете на крупно). Додадете цимет по желба. Кој сака послатко, пред мелењето нека додадете 2-3 лажици шеќер.
Од тестото правете топчиња со величина во зависност од калапот. Мене ми излегоа по 16 од секоја боја.
Со проѕирна (пвц) фолија обложете ја внатрешната страна од цедалката за лимон и добро затегнете ја.
Врвот од калапот ставете го во чаша за да биде постабилен. Потоа можете да започнете со комбинирање од две или повеќе бои.
Ставете две топчиња во внатрешноста од калапот, со палецот добро подбутнете го тестото до врвот, а потоа развлечете го наоколу.
За да добиете шарен ефект, секое топче можете да го поделите на повеќе помали и да ги ставате наизменично во калапот.
Ставете по две лажички од филот и преклопете го со тесто. Превртете го калапот, извадете ја фолијата и куполата е готова. Вака приготвените куполи редете ги на хартија за печење и пред печење оставете ги да изладат околу половина час во фрижидер.
Печете ги во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути. Може да растопите малку чоколадо и на секој врв од куполите да капнувате по малку и со чепкалка да повлечете да за направите зраци.
Куполите се многу вкусни, меки и во следните денови.