Home Десерти ДУБАИ ПАЛАЧИНКИ…Мислам дека кога еднаш ги пробав нив, нема да им се...

ДУБАИ ПАЛАЧИНКИ…Мислам дека кога еднаш ги пробав нив, нема да им се вратам на старите…

ДУБАИ ПАЛАЧИНКИ…Мислам дека кога еднаш ги пробав нив, нема да им се вратам на старите…Рецептот беше објавен од „Кухарице Чаробнице Кухарице“ и веднаш стана вирален.

Некои од домаќинките беа воодушевени од самите палачинки, некои од „дубаи“ филот, а некои искоментираа дека сепак, најубави им се класичните палачинки со домашен џем.

Многумина признаа дека домаќинката која стои зад овие фотографии и рецепт има вешти раце и ѝ се заблагодарија за споделувањето. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАЛАЧИНКИ:

2 јајца
1 ванилин шеќер
малку рендана кора од лимон
1 прстофат сол
250 мл млеко
100 мл газирана вода
брашно по потреба, околу полни 5 лажици

ПОСТАПКА:

Јајцата се матат, па се додаваат ванилиниот шеќер и кората од лимон, солта, млекото, па водата и сѐ матиме со миксер додека да се изедначи.

Па, се додава брашно лажица по лажица, смесата е таква каква што треба за палачинки, со густина на јогурт. Убаво изматете да нема грутчиња.

Загрејте ја тавата и истурете две капки масло, маслото го поминувам со кујнска хартија, ја истурам смесата на врелата тава и набрзина ја разлевам да се изедначи од сите страни, почекајте кратко да се исуши горниот дел.

Потоа превртете ги, и секој пат премачкајте по две капки масло со хартија и нанесете ја следната смеса за палачинки.

Огнот не смее да биде премногу силен, а палачинките не смеат да бидат премногу дебели. Филувајте по желба.

За ДУБАИ ФИЛ: пропжете кадаиф ситно издробен со раце во сува тава или на малку путер и помешајте го со крем од фстаци. Рецептот беше објавен ОВДЕ:

https://www.facebook.com/share/p/1EQAXr4Sm7/