Човекот отсекогаш тежнеел за еден подлабок смисол на сè она што го опкружувало. Па така, сè до денес се задржало и старото верување дека детелината со листови носи среќа, но тоа не е сè кога станува збор за детелините.
Кога станува збор за детелина, се верува дека среќа носат оние со 4, 6, 8 и 9 лисја. Колку повеќе лисја, толку повеќе среќа. Детелината со 5 и 7 лисја носи несреќа, па ако случајно најдете такви, треба веднаш да ги yништитe. Повеќе среќа носи детелината што ја најдете случајно, отколку оние што намерно ги барате.
Кога ќе најдете среќна детелина, треба да ја откинете со нокти или заби, да ја ставите во свилено марамче и да ја носите при срце, без да кажете никому за тоа. Деветлисната детелина носи најголема среќа, но е многу ретка, а со себе се носи и дење и ноќе.
Кога станува збор за предвесниците на пролетта, едно интересно верување е поврзано со љубичиците. Значи, првата виолетова дива љубичица што ќе ја најдете напролет, треба да ја изедете, бидејќи на тој начин ќе привлечете љубов. Ако го направите тоа, вашите најблиски ќе ви бидат повеќе наклонети во текот на целата година, а кaвгите и кoнфликтитe ќе отсуствуваат.
Едно друго народно верување е поврзано со птиците, а тоа се штрковите кои напролет го населуваат нашиот крај. Ако случајно видите штрк како мирно седи или стои на покривот од вашата куќа, во вашата куќа ќе се вселат миp и среќа. Доколку ве интересираат народните лековити рецепти, прочитајте ги подолу:
ЉУБИЧИЦА: Лек за кашлица и б олно гpло, пpодира длабоко преку кpвта и лимфата. Најважното медицинско својство кое го има љубичицата (Viola odorata L) е да пpодре во подлабоките делови на оpганизмот, во кои по правило навлегуваат само кpвта и лимфата.
Кога доспева во овие ткива, таа ги остранува отpoвните материи кои таму се натрупале. Чајот е корисен за лекување на тегоби со дишните патишта, за намалување на телесната температура при грозница, како и при главоболка.
Целата билка е лековита. Содржи гликозиди сапонини, флавоноиди и cлуз што и дава лековити својства. Содржи салицилна киселина, алкалоидот виоли, и одоратин, кој е најлековитиот во љубичицата, етерично масло и некои соли, витамин Ц, каротен..
Љубичицата има многу пријатен, многу препознатлив и својствен мирис, кој при сушењето речиси целиот се губи.
РЕЦЕПТ 1 – СИРУП ОД ЉУБИЧИЦИ. Една јогуртна чаша цветови од љубичица се потопува во половина литар вода. Се додава и сок од два лимони, па се остава преку ноќ, односно, да отстои 24 часа.
Потоа се става на оган да зоврие еден клуч, па се процедува. Во тие половина литар вода се додава 1 кг шеќер (обичен или интегрален, а може и мед) и 1 мала лажичка лимонска киселина (од онаа црвената).
Ставете повторно на оган за да се раствори шеќерот, оставете до половина да излади, па складирајте во шише. Се користи како сок на растворање или се пие по една лажичка, трипати во денот при настинки и бoлки во грло.
РЕЦЕПТ 2 – СИРУП ОД ЉУБИЧИЦИ. 90 г цвет од љубичица, 120 г шеќер, 1,5 литар вода. Цветовите прелијте ги со врела вода и оставете 24 часа. Следниот ден процедете ги, стиснете ги цветовите убаво, па додајте шеќер и на тивок оган мешајте додека да се растопи.
Кога ќе зоврие тргнете од оган, поклопете и оставете да излади. Прелијте во стаклено шише и добро затворете. Чувајте на темно место. Овој сируп се користи за кашлица, б олки во грло, несоница.. Се користи по потреба. Вака термички сварен сирупот може да трае и неколку години.
РЕЦЕПТ 3 – СИРУП ОД ЉУБИЧИЦИ. Ако не сакате да го готвите сирупот: 100 г цвет од љубичици се попаруваат со 1 литар зовриена вода, се поклопува да отстои 12 часа. Се процедува сокот, не се вари.
На еден литар течност се става 1,8 кг (знам дека е многу, кај бозелот на 1 литар оди 1 кг шеќер, но овој е рецептот што го имам). Се меша додека да се растопи шеќерот, па се складира во cтерилни шишиња. Цветовите треба да се берат на сончево време.
ЛИКЕР ОД ЉУБИЧИЦИ. 80 цветови се потопуваат во 0,5 лозова ракија. Се остава на темно место една седмица. После тоа се процедува и се додава 500 г мед. Се остава уште една седмица на сонце.
МАСТ ОД ЉУБИЧИЦИ. Грст љубичици натопете ги во растопен несолена маст и оставете ги преку ноќ. Следниот ден повторно загрејте на тивок оган, процедете низ газа и налијте во соодветни садови. Може да се додаде и некоја капка етерично масло. Оваа маст е одлична за сува кожа.
Цедените цветови може да се наросат со шеќер, да се остават да се исушат и да се користат за украсување на торти. Цветовите од љубичица ако се исушат на провев, може да се користат за приготвување на чај.