Home Здравје Древните кинези ја измислиле киселата зелка за вечно здравје. Еве како таа...

Древните кинези ја измислиле киселата зелка за вечно здравје. Еве како таа делува врз организмот!

Киселата зелка долго важи за храна на сиромашните, а всушност претставува неверојатно здрава намирница. Нејзината лековитост била позната уште кај древните кинези кои го измислиле рецептот за нејзино приготвување и ја препорачувале за вечно здравје, па така и грците и римјаните ја советувале нејзината консумација на доилките и на оние кои ќе завршеле со некоја чашка алкохол повеќе.

Славниот морепловец Џејмс Кук со кисела зелка го отпловил светот и го лекувал својот екипаж од скорбут, болест предизвикана од недостиг на витамин Ц. Себастијан Кнеип со кисела зелка го решавал дијабетесот, гихтот, изгореници и разни воспаленија. Киселата зелка е многу омилена и денес, а повеќе е позната како многу вкусна, а помалку како лековита намирница.

Киселата зелка благопријатно делува на дигестивните органи, желудникот и цревата, на нивната микрофлора, на перисталтиката, со што особено делува на дигестијата. Делува и врз метаболизмот, па помеѓу останатото поттикнува и излачување на штетни материи од организмот, а исто така го чисти и црниот дроб.

Неговата консумација благотворно делува и на фунцијата на срцето и крвотокот, бидејќи го намалува високиот холестерол, ја спречува атеросклерозата и го нормализира нивото на шеќерот во крвта (меѓу другото, може да спречи појава на тромб).

Покрај ова, киселата зелка го олеснува зараснувањето на рани, а делува и кај реума, воспалени вени, чир на желудник и дванаесетпалечно црево. Позитивно делува на мозокот и нервниот систем, а помеѓу останатото го поттикнува и доброто расположение.

 

Совети за употреба и консумирање на киселата зелка:

За подигање на имунитетот и општо здраве, секој ден изедете 2 до 3 лажици рендана кисела зелка, или утрото започнете го со мешавина од:

2 супени лажици рендана кисела зелка

1 лажица рендано јаболко

1 рендано сирово (или варено) цвекло.

 

Салата од кисела зелка (1):

200 г рендана кисела зелка,

1 рендано јаболко и

50 г суво грозје,

Прелиено со:

2 супени лажици винска киселина

2 супени лажици масло од кикирики

½ лажичка сок од алое вера

Малку сол

 

Салата од кисела зелка (2):

400 г рендана кисела зелка

2 рендани јаболка

2 рендани моркови

150 г сечкана марула

Прелиено со:

½ чаша кисела павлака

1 лажиче масло од црн ким

2 супени лажици бело суво вино

Сол, црн пипер

 

За намалување на холестеролот во крвта, за забрзување на метаболизмот, за слабеење и подобра дигестија, во подолг временски период, секој ден пред појадок и вечера изедете две лажици рендана кисела зелка.

Против непријатен здив од устата, повеќе пати дневно џвакајте кисела зелка.

Освен одвнатре, киселата зелка, односно листовите помагаат и за надворешно лекување. За да го ублажите јадежот при некои алергиски воспаленија, убод од инсект или помали изгореници, на болните места ставете облога од листови од кисела зелка и фиксирајте ги со завој или газа.

Слично, против главоболка на челото ставете лист од кисела зелка и замотајте ја главата со крпа или завој.