Срцето е еден од витален о рган изграден од силни мускули, кој непрекинето работи без одмор и без престан. Срцето и негобвата работа е подложна на сè што доживуваме во текот на денот, а врз неговото здравје се рефлектираат сите промени, целиот наш животен стил, па дури и спиењето.
Недостигот на физичка активност и редовни кардио-активности, ст-ресот кој го зголемува нивото на кортизол, исхраната со слаб квалитет, масната храна богата со транс масти… сето тоа се фактори кои го ослабуваат срцето и ја попречуваат работата на оваа мала машина, која всушност е мотор на нашето тело.
Кога срцето од некоја причина ќе затаи, кога нема да може да правилно и силно да ја испумпува кр-вта до најодалечените места во нашето тело, тогаш се појавуваат еден куп болести кои најпрво се рефлектираат со симптоми како што се хроничен умор, брзо заморување, лошо спиење, препотување, слаба циркулација, ладни екстремитети, чести мач-нини и слично.
Затоа, исклучително важно е да се одржува здравјето на срцето. Се разбира, постојат стотици модерни лекови за оваа намена, но луѓето денес сè повеќе сакаат да употребуваат некои природни препарати кои немаат во себе „хемија“ и пропратни нусефекти кои неповолно влијаат врз другите органски системи.
Постои еден стар народен рецепт кој датира уште од 13.век, за кој се верува дека го осмислила калуѓерка која своевремено важела и за народен лекар во таа област. Многумина го имаат испробано, со позитивни резултати. Сепак, пред примена на народни рецепти, секогаш е најдобро претходно да се посоветувате со вашиот лекар.
Еве што сè е потребно за да го приготвите овој лек: 1 китка магдонос без коре (околу 10 густи стебленца), 1 литар домашно вино бело или црно (без конзерванси), 300 г домашен мед и 3 супени лажици домашен јаболков или вински оцет.
ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете го виното, додајте го магдоносот и оцетот, па од моментот на зовривање гответе уште 5 минути на умерена температура, па намалете на најниска можна температура и гответе уште 10 минути.
Потоа садот оставете го покриен да се лади. Кога ќе стане млак, извадете ги гранчињата магдонос, исцедете ги добро, па додајте го медот и убаво промешајте додека да се раствори целосно.
Добиениот напиток складирајте го во стаклено шише за кое имате тапа или капаче кое добро дихтува. Шишето исто така треба да биде претходно стерилизирано. Се пие по една супена лажица наутро и една навечер додека да се потроши количината.
Како делува овој напиток? Ги зајакнува ѕидовите на кр-вните садови. Виното, особено домашното кое не содржи конзерванси е многу лековито. Најдобро е она кое е преточувано, од зрна, а не од дршки кое може да содржи премногу танини во себе.
Магдоносот содржи витамин Б12, што е важно за формирање на црвени кр-вни клетки. Поволно делува на циркулацијата и лекува срцеви проблеми. Медот е познат по многуте корисни својства и има корисен ефект врз голем број здравствени проблеми доколку се зема во разумни количини. Овој напиток може да помогне и во зајакнување на имунитетот.