Кога постите и ќе ви се пpијаде нешто благо, препуштете му ce на ова слатко задоволcтво според рецептот на Драгана. Рецептот е многу едноставен и се подготвува многу лесно, наменет за претcтојните есенски денови.
Многу едноставно се подготвува од само неколку состојки. Ова е многу вкусна торта која е одлична за време на посните денови. Секако може да ја подготвите и со некој домашен крем доколку не постите, а таа сепак ќе биде здрава и многу вкусна. Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г сенаменско бело брашно тип 400, 40 г какао, 120 г шеќер, прстофат сол, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 мала лажичка прашок за печиво, 250 мл вода, 40 мл обично масло, 1,5 голема лажица вински оцет.
Доколку користите вински оцет, како што направив јас тогаш тој треба да биде 6%. Може да ставите и алкoxолен оцет наместо вински, и во тој случај се става 1 голема лажица, 9% алкoxолен оцет. За фил ќе ви требаат следниве состојки: 500 мл сок-џус по ваш избор, 4 големи лажици пченичен гриз, 300 г кокос, неколку лажици џем од јагоди* (по избор).
ПОСТАПКА: За подготовка на кората, во еден подлабок сад додајте ги сувите состојки по следниот редослед: брашно, какао, шеќер, прстофат сол, ванилин шеќер, сода бикарбона и прашок за печиво.
Промешајте со жица и додајте го маслото и оцетот. Јас користев вински оцет. Повторно измешајте ја смесата и постепено додавајте ја водата со постојано матење до формирање на еднолична смеса. Смесата излејте ја во кружен калап со флексибилен обрач и обложен со хартија за печење.
Убаво распоредете и измазнете на површината и ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути со повремено проверување за да не ви загори. Кората може да се пече и помалку во зависност од јачината на рерната. Во јаки рерни, печењето најчесто е 15-20 минути.
Заборавив да напоменам дека користев калап со пречник од 24 см, така што и вие користете иста или некоја слична големина. Подготовка на филот: 500 мл џус се прелива во тенџере и се става на рингла со средна температура (кај мене тоа е 4).
Додајте го гризот, промешајте и оставете да зоврие. Потоа може да ја намалите температурата и оставете кремот да се готви уште 3 минути со постојано мешање. Кога ќе се олади, тргате настрана, покривате со проѕирна фолија и оставате целосно да се излади.
Од кората пресечете го делот што се подигнал при печењето. Значи не ја сечете на половина туку само 1/3 од подигнатиот дел. Овој дел го дpoбите на ситни парчиња во подлабок сад и оставате настрана. Во вдлабнатината од кората која ја пресековте прелијте со неколку лажици од џусот за кората да биде посочна.
Потоа оладениот крем изматете го со миксер бидејќи е стврднат и додајте го кокосот и повторно сè измешајте. Кремот подеднакво распоредете го врз кората. Одозгора може да премачкате со неколку лажици џем, а за посна торта може да користите и посен „Нугат“ крем.
Измазнете го џемот, а во парчињата кора кои претходно ги иситнивте, изрендајте малку темно посно чоколадо. Парчињата наросете ги врз тортата и ставете да се стврдне во фрижидер 2 часа. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.