Драган Љубисављевиќ од Јагодина имал преку петнаесет операции на стапалата, дланките, лактите и рамењата. Денес е оставрен и исполнет човек, опкружен со луѓе и природа.

Роден со сериозни деформитети на стапалата, дланките, лактите и рацете, Драган не можел да оди. На Ортопедската клиника “Бањица” имал преку 15 операции и деформитетите биле исправени.

-До 18.година, секоја година имав по некоја операција, со долги периоди на мирување, рехабилитација… После секоја операција, одев во Сибница (село 15 км над Рековци), од каде потекнува татко ми.

Таму живееше еден дедо Милашин кој беше голем познавач на лековитите билки. Тој со часови ме масираше со масти кои ги правеше од гавез, ајдучка трева, кантарион и практично тој многу ми помогна да ги зајакнам мускулите, да ги регенерирам коските и да проодам. Воедно ме учеше за лековитите билки, а јас ја засакав природата и дополнително учев.

Оттогаш до денес, Драган е речиси секојдневно со билките. Викендите ги поминува во Криви Вир, на падините на Кучај.

-Што сè научивте за билките во овие дваесет години? Како тие ви имаат помогнато?

-Научив доста, но и она најважното: Во природата сè е во совршен однос и Бог создал сè што му е потребно на човекот. Секое мешање на човекот во природните процеси го нарушува тоа совршенство, во поголема или помала мера. Мојата желба е сето мое умеење да го пренесам на што поголем број луѓе, па осмислив проект под називот “Шумата знае”. Основна идеја е тоа да биде првиот антистрес викенд во природа.

-Зошто дивиот лук (сремуш) најмногу го проучувавте?

-Кога за првпат, пред многу години се запознав со сремушот, тоа за мене беше многу необично искуство. Еден пријател од криви Вир ми приготви салата со див лук, а мене многу ми се допадна. Но, тоа не ми беше доволно, па дома си понесов полна кеса и следните неколку денови обилно го јадев. И одеднаш…ја добив најголемата дијареа во животот која траеше со денови, секој втор ден.

Меѓутоа, јас сепак се чувствував одлично, не бев слаб, дехидриран, само што бев прикован за тоалетот. Се изненадив колку добро се чувствувам, како се чистам и како ми исчезнуваат некои ситни кожни проблеми кои ги имав.

Тогаш всушност се заинтригирав да дознаам што е всушност сремуш и каде да го набавам за да можам редовно да го користам. Многу брзо сфатив дека сремушот го има само 20-тина денови во годината и дека начинот на кој луѓето го користат е потполно погрешен.

После две години проучување, мали клинички студии и искуства од луѓе на кои им давав тинктура од сремуш приготвена на многу специфичен начин, конечно го создадов и првиот комерцијален производ.

-Колку вашиот живот ви се промени од случајната средба со монахињата?

-Еден мајски ден 2015 година се шетав близу манастирот трагајќи по печурки. Денот беше извонреден па одлучив да се одморам во манастирскиот двор во кој беше прекрасно, исполнет со цвеќе и лековити билки кои ги одгледуваа монахињите.

Додека така се одморав, со блискиот рид се симнуваше стара монахиња. Никогаш нема да го заборавам тој поглед и тоа држење. На грбот имаше корпа полна со билки, ми пријде и ме поздрави “Бог да помага”. Како да ме познаваше цел живот, продолжи до манастирските одаи и притоа ми рече дека веднаш ќе свари чај за да го испиеме заедно. Ми рече дека има нешто важно да ми каже, а на тоа, наводно, многу долго чекала.

Останав збунет од нејзината појава и зборови. Што имаше монахињата важно да ми каже, токму мене кој за неа сум тотален странец? Што е тоа што таа долго го чекала? Да не ме помешала со некој?

Не требаше долго да чекам за одговор. Со чајот од нане, монахињата како од топ ми рече: “Фала му на Бог што дојде. Гледам дека ја сакаш природата и билките. Знаев дека нема да умрам без претходно да го пренесам своето најважно сознание за билките некому кој ќе сака да ме послуша.”

И натаму верував дека ме помешала со некој. И само што тргнав да ја разубедувам, таа ме предухитри со зборовите: “На светот постојат многу билки, но Бог создал четири билки со посебна цел. Тие растат насекаде како коров, лесно достапни, луѓето ги истребуваат, но во тоа никогаш нема да успеат докрај, бидејќи тие четири се неуништиви. Секоја од нив е ризница на сè што му е потребно на едне човек, но нивната правилна мешавина им дава сила и лековитост поголема од илјада други билки заедно.”

Успеав да изговорам само “Но…”, кога таа продолжи: “Сега добро слушај и памти. Тие се тука, околу нас, во изобилство.”

Отиде неколку чекори лево, па десно и многу брзо набра: ајдучка трева, глуварче, тегавец и коприва!

“Ама како тоа Вие го знаете”, ја прашав. “Јас сум докторка по хемија. Семејството ми погина во сообраќајна несреќа, а после тоа се замонашив и го посветив својот живот на проучување на овие четири најлековити билки. Долго време чекав некому да му ги пренесам своите знаења за тие билки и како правилно да ги користи.”