Какво цвеќе сакаме – таква ни е душата: романтичарите сакаат ружи, орхидејата е цвет на успешните! Докажано е дека за секој човек може многу да се каже според работите кои ги сака или не – па така и за неговото омилено цвеќе. Пронајдете се и вие, па напишете во коментар дали во ова има вистина…
РУЖА
Легендата вели дека ружата се родила од солзите на божицата Афродита која плачела по својот љубовник. Затоа првата симболика за овој цвет е љубов, а луѓето кои ги сакаат ружите се големи романтичари.
Вљубени се во животот, во некоја личност, во природата, а нивната главна карактеристика е дека се полни со топлина и нежност за секого, но и дека многу внимаваат кому ја даваат таа нежност.
Исто како и ружите, даваат многу, но ако ги повредите, пазете се од нивните боцки. За љубителите на ружата, патувањата и авантурите може да бидат начин на живот. Таквите луѓе се маѓепсани од различните култури и нивните автентични карактеристики, па тие никогаш не излегуваат од мода и секогаш се полн цвет.
БОЖУР
Овие лица ја следат модата, имаат свој карактеристичен стил и вкус, убава облека и грациозност како од некое минато време. Често имаат многу елегантна венчавка и животен стил. Исто така, како што божурот е распространет и се цени насекаде во светот, така и овие лица се чувствуваат угодно во било која земја која ќе ја посетат.
МАГНОЛИЈА
Магнолијата расте само во мај и таа е најстариот познат цвет, со преубав мирис и единствен изглед. Луѓето кои го сакаат ова цвеќе, многу се посебни и отмени и често доаѓаат од богата и интелектуална фамилија, склони се кон ориенталниот стил, мистици и духовити.
ХОРТЕНЗИЈА
Токму како и хортензијата, расположението на овие лица се менува заедно со годишните времиња, а летото им е омилено. Многу се чувствителни и малку интензивни во своите друштевени кругови и работното опкружување. Исто така, хортензиите впиваат вода преку својата “глава” па и нивните љубители обожуваат сè што е поврзано со водата и летото.
ОРХИДЕЈА
За неа се вели дека е цвет на успешните луѓе. Личностите кои ја сакаат орхидејата се многу итри и малку таинствени, а секој сака малку мистериозност, зар не?
Љубителите на орхидејата се самоуверени, способни и храбри луѓе. Ги краси подготвеност за помош и имаат развиено висока емпатија кон другите луѓе.
Своите карактеристики никогаш не ги покажуваат веднаш, па може да се каже дека се малку повлечени. Исто така, мора да се спомене дека овие луѓе најчесто се поврзани за некоја креативна работа, а од патувањата најчесто ги одбираат егзотичните дестинации.
ЛАЛЕ
Облеката, вкусот, храната и животното искуство варираат кај овие лица баш како и боите на лалињата. Со други зборови, овие луѓе имаат богат и разновиден социјален живот. Склони се на експериментирање, мразат досада и предвидливост.
ЛИЛЈАНИ
За луѓето кои го сакаат овој вид на цвеќе, познатата цвеќарка од Њујорк Мередит Вага Перез, открива дека најчесто се благословени со витка става, долги нозе и заводлива колекција од чевли. Исто така, тие се многу независни во своите односи. Имено, лилјаните се едни од ретките цветови кои се самоопрашуваат. Самозадоволни се и горди луѓе.
НАРЦИС
Овој цвет се поврзува со митот за Нарцис кој имал многу обожавателки, но неговото срце секогаш останувало недостижно. Денес љубителите на нарцисот така се карактеризираат, како таинствени, малку затворени и со многу ранливо срце. Длабоки се, аналитични и внимателни.
ИРИС
Нежен цвет кој симболизира надеж и слава. За љубителите на овој цвет може да се каже дека се полни со достоинство, храброст и позитивна енергија. Секогаш можете да се потпрете на нив без страв дека ќе ве изневерат.