Лимоните се сметаат за најалкално овошје и поради безбројте здравствени придобивки и уникатен вкус и мирис, тие се составен и неизбежен дел на различни рецепти. Лимоните се одлични за детоксикација на телото, но кога ќе се исцеди, лимонот губи многу од неговите хранливи материи и голем дел од лековитите својства.
Од друга страна, мрзнењето на лимонот е одлична опција. Лимоновата кора содржи состојки кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и нуди бројни здравствени својства, како регулирање на холестеролот, спречување на рак, лекување на бактериски инфекции и уништување на паразити и црви.
Здравствени придобивки од лимонот:
-Превенција на астма
-Борба против воспаленија
-Детоксикација на бубрезите и црниот дроб
-Зголемување на имунолошкиот систем
-Намалување на висок крвен притисок
-Елиминација на штетни бактерии
-Лекување на депресија и стрес
-Борба против ракот
Лимоновиот сок содржи високи дози витамин Ц, а кората пак е многу ефикасна за елиминирање на токсините од телото. Истражувањата покажаа дека кората од лимон всушност содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самиот сок.
Пред неколку децении, научниците ги испитувале ефектите на лимон во случај на рак. Тие откриле дека овие плодови ги искоренуваат малигните клетки кај неколку видови на рак, вклучувајќи рак на бели дробови, на дојка и рак на дебелото црево.
Она што е најдобро кај лимоните е тоа што ги елиминираат само туморните клетки, за разлика од хемотерапијата, и не ги уништуваат здравите клетки. Според д-р Мерилин Гленвил, нутриционист и експерт за женското здравје, лушпите од различни плодови можат да го зајакнат имунолошкиот систем и да го поддржат целокупното здравје.
Таа, исто така, тврди дека пијалаците кои ја содржат и пулпата на плодот, односно смутињата, се далеку поздрави од цедените сокови, бидејќи ги содржат и другите делови од овошјето, вклучувајќи ја и кората.
Смутито од лимон има горчлив вкус, па затоа, најдобрата опција е да ги замрзнете. Еве како да ги замрзнете и користите лимоните:
Користете јаболкова киселина за миење и дезинфицирање на лимоните. Потоа исплакнете ги и оставете ги да се исушат. Следно, оставете ги да замрзнуваат до следното утро, а потоа изрендајте го (изблендајте го) целото овошје, заедно со кората, пулпата и семињата. Замрзнатите лимони може да се додаваат во различни јадења, пијалаци, чај, печива, десерти и супи.