Одржувањето на беспрекорната чистота на машините кои ги користиме во домаќинството е многу важна работа, доколку сакаме тие подолго време да нè служат. Особено машините кои се наменети за чистење и перење, треба редовно да се одржуваат и од нив да се отстрануваат наслагите и бигорот.




Неодамна објавивме еден многу интересен трик за чистење на машината за перење алишта кој го објави наша читателка, а после кој многумина го испробаа и ја потврдија неговата ефикасност. Пред извесно време Јелена исто така, го испроба овој метод во својата видео презентација. Еве што вели таа:




„Здраво на сите, треба само една работа да се направи и сета нечистотија ќе излезе од машината за перење алишта. Не знаев за ова, но одлушив да го испробам и искрено да ви кажам, многу се изненадив, да не речам се „запрепастив“ од резултатот.




Читав дека и многумина пред мене кога го испробале овој трик биле видно изненадени, но додека човек не види со свои очи, не може да поверува дека една машина за перење алишта може толкава нечистотија да акумулира во себе.




Испробајте го и вие овој едноставен трик, па јавете ги впечатоците. Моите се позитивни, но би сакала да слушнам и доколку има некои негативни. Јас од срце ви го препорачувам овој лесен метод со кој машината ќе има долг рок на траење“, објасни Јеца.




„Верував дека мојата машина за перење е совршено чиста, но после ова, доживеав непријатно изненадување. Машината е таа која треба нам да помага и да ни ги пере валканите алишта, но после неколку години, сигурно сте забележале дека кога ќе заврши програмот, алиштата не се така беспрекорно чисти како што некогаш биле после перењето..




Погледнете ја внатрешноста на барабанот и доколку ви се чини дека внатрешноста е совршено чиста, не се залажувајте. Не е така. Јас на пример, еднаш месечно ја чистам машината со средства кои се наменети за тоа. Но, се чини дека тоа не било доволно за нејзино длабинско чистење.




Неодамна налетав на еден метод со кој се тврдеше дека за вистинско, длабинско чистење на машината за перење алишта е потребно да се користат таблети за машинско перење на садови. Одлучив да го испробам ова, иако не очекував ништо спектакуларно. Еве што треба да се направи:




Во празен барабан ставете 2 таблети за машѓинско перење на машината. Доколку таблетите се обвиткани со растворлива мембрана, истата не ја отстранувате, бидејќи во допи со водата таа постепено ќе се раствори.




Затворете ја вратничката од барабанот и наместете го програмот на „памук“, на 60 степени. Вклучете и оставете ја машината да го изработи целиот програм. Водата што може да се погледне низ стаклото на вратничката ќе биде темна, односно валкана. Погледнете го резултатот во видеото ОВДЕ.