ДОМАТИ ЗА ЗИМНИЦА ВО СНЕЖНИ ТЕГЛИ – толку е вкусно што постојано ќе го правите. Рецепт на Тања од каналот Мојата Кујна – Тања. Снежни домати за зимница, вакво нешто досега не сте пробале.
Ги правам секоја есен, по неколку тегли, а до зимата правам најмалку уште трипати бидејќи веднаш се јадат. Доматите добиваат многу убав вкус од солилото, а потоа ги користам за салати, месо, манџи и други готвени јадења.
Овој рецепт уште го нарекувам домати во снежни тегли бидејќи кога ќе протресете во теглата настанува магија. Буквално изгледа како зимските украси кога ќе се протресат па во куглата паѓа снег.
За подготовка на оваа зимница ќе ви бидат потребни следниве состојки: 2,5 кг домати, 20 исчистени чешниња лук, 100 мл ал-кохолен оцет (9%), 100 г шеќер, 2 супени лажици сол и 2 литри вода.
ПОСТАПКА: Потребно е да користите помали домати, најдобро домашни бидеќи тие се мали до средна големина. За оваа количина користам 3 тегли, од кои две ми се по 2,5 литри, а едната ми е од литар, но доколку немате големи тегли од 2,5 литри, користете помали од литар, така ќе ви бидат потребни повеќе тегли.
Теглите треба да бидат добро пастеризирани и да имаат здрав капак. Најпрво добро измијте ги доматите и истретирајте ги во раствор од вода и сода бикарбона, доколку не се домашни.
Потоа започнете да ги полните теглите со доматите. Малку притискајте ги доматите за да може повеќе домати да искористите во една тегла, нема ништо да им биде. Во меѓувреме 2 литри вода ставете во тенџере да зоврие.
По зовривањето, наполнете ги теглите со зовриената вода, но претходно во теглите ставете по една метална лажица за да не ви распукаат од врелата вода. Потоа, само поклопете ги со капакот, но не ги затворајте целосно и оставете да отстојат 20 минути.
По изминатото време, водата од теглите повторно прелијте ја во тенџерето и во неа додајте ги шеќерот, солта и оцетот. Малку промешајте па оставете повторно да зоврие. Во меѓувреме, исчистете ги чешнињата лук и изблендирајте ги додека да добиете паста.
Во секоја тегла ставете по 2 супени лажици од пастата од лук, а потоа повторно наполнете ги теглите со солилото, односно зовриената вода се до врвот. Добро затворете ги теглите со соодветниот капак.
Теглите малку протресете ги за да се распореди лукот во теглата, а ќе ви изгледаат како да се снежни кугли. Оставете ги на темно и суво место да отстојат најмалку 24 часа, а потоа се спремни за јадење. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.