Верувам дека ќе ви се допадне рецептот за ова навистина предобро слатко од исклучително здраво овошје.

Не го пропуштајте ова овошје и направете си за вас и вашите најмили вака здраво и вкусно слатко. Аронијата е бобинка исто како боровинката, но полесно се одгледува и како што сите знаете, многу е корисна. Може да ја смрзнете, да направите сок или слатко.

Потребни состојки:

1 кг аронија
1,5 кг шеќер
300 мл вода
1 лимон исечен на тркалца или ванила по вкус

Постапка:

Измијте ги убаво бобинките и отстранете ги дршките. Во едно длабоко тенџере со тенко дно измешајте ги шеќерот и водата.

Ставете на оган да се растопи шеќерот околу 5-10 минути, нема потреба да биде многу густ сирупот. Потоа додајте ги бобинките од аронија. Не мешајте тука само протресете го тенџерето.

Доколку се појави пена во текот на варењето, треба да се собере. Од моментот на зовривање, аронијата оставете ја да се вари 15 минути. Пред крајот додајте го лимонот исечкан на тркалца.

Домашно слатко од аронија – РЕЦЕПТ

Пригответе една влажна крпа, па кога слаткото е готово, тргнете го настрана и покријте го со крпата. Нема потреба да чекате слаткото целосно да излади, туку соберете го топло во претходно стерилизирани тегли.

Слаткото се остава да излади во теглите. Од оваа количина се добиваат три тегли од 800 г. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: