Има ли нешто поубаво од летна салата со сезонски зеленчук и сирење? А пак, ако сирењето е домашно приготвено и ароматизирано со вкусни и мирисни додатоци како што се маслинките, тогаш задоволcтвото е уште поголемо.
Изненадете го вашето семејство и пријателите со ова многу вкусно домашно сирење кое се приготвува од три основни состојки. Постапката е многу лесна и едноставна, нема да погрешите ако го испробате овој рецепт. Одлично меко сирење за појадок, сендвичи или за салати. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри млеко, 1 мала лажичка сол, свежо исцеден сок од 1 лимон, малку спанаќ, 4-5 супени лажици маслинки, 50 г путер (4 супени лажици), уште 1 мала лажичка сол или по вкус, 1-2 супени лажици маслиново масло, црн пипер по вкус
ПОСТАПКА: Млекото ставете го во некое големо и длабоко тенџере, додајте една кажичка сол, па ставете го на оган. Додека млекото се загрева, настрана исцедете сок од еден лимон (за да искористите што повеќе сок од лимонот, претходно истркалајте го врз работната површина под притисок на раката).
Штом млекото започне да пени и да зоврива, додајте го лимоновиот сок и промешајте. Намалете ја температурата на средно-умерена и продолжете да го варите млекото со непрекинато мешање во следниот 10 минути.
Ќе забележите дека млекото ќе започне да се засирува. Исклучете го огнот, поклопете го тенџерето и оставете го на топлата рингла уште 15-20 минути. За тоа време ситно исечкјате една рака млад и свеж спанаќ, а маслинките исечкјате ги на тркалца.
По изминатото време со решеткаста лажица исцрпете го сето засирено млеко (сурутката можете да ја испиете или да ја искористите за некој рецепт), и ставете го врз цедалка. Нежно притиснете колку можете повеќе да се истисне од него сурутката, а потоа префрлете го во блендер.
Додека сè уште е топло, заедно со „урдата“ ставете го и путерот омекнат на собна температура и исечен на коцки, посолете со една лажичка сол или по вкус и додајте малку маслиново масло. Измиксајте неколку минути додека да добиете фин, мазен и нежен крем.
Кремот претурете го во некој сад и во него додајте ги сечканите маслинки и спанаќот. Промешајте за да се распоредат состојките, а потоа целата смеса истурете ја во парче хартија за печење која претходно добро сте ја изгужвале низ рацете за да омекне.
Свиткајте и формирајте ролат-салама, па оставете во фрижидер да се олади и да се стегне најмалку 5-6 часови. Доколку сакате врз хартијата можете претходно да наросите ситно сечкан магдонос, сусам или нешто по ваша желба, но и вака сирењето е декоративно кога ќе се исече на тркалца. Деталите погледнете ги ОВДЕ.