Лененото семе заедно со водата, ако се приготви на вистионскиот начин, може да направи чудо за организмот, особено за здравјето на жените. Кога ќе го потопите лененото семе во вода, во два чекори, вие добивате два производи:
Со првиот чекор – желатинозна течност која се користи како облога и маска за кожата за намалување на брчките, а со вториот чекор – растително млеко. Потребно е најмалку 12 дена да го користите овој препарат за да ги почувствувате придобивките за здравјето на кожата.
Од друга страна, млекото од ленено семе можете редовно да го користите, а тоа делува одвнатре и го поттикнува организмот да произведува колаген, пишува НМД.мк
Мешавината од ленено семе и вода помага во решавање на дури седум проблеми со кожата. Особено доколку имате проблем со брчки, би требало да се обидете со овој природен препарат што поскоро.
Тајната е всушност во лененото семе, кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на вашето поткожно ткиво, ги подмладува масните клетки и го враќа тој младешки изглед околу образите, особено во чувствителните делови на кожата околу очите, каде што кожата е најтенка и најсклона кон сушење и создавање на брчки.
Ставете една лажица ленено семе во сад и прелијте ја со третина чаша врела вода, промешајте неколку минути и потоа покријте го садот со салфетка (или друга тацна) и оставете вака да стои до вечерта (или ако ова го приготвувате навечер – нека отстои до следното утро).
Потоа процедете ја течноста. Ќе забележите дека водата згуснала и се создала желатинозна смеса, малку како лигава. Токму оваа смеса се користи надворешно за обнова на вашата кожа.
Со помош на тупфер нанесете ја на исчистена кожа на лицето и вратот. Не мора да ги одбегнувате нежните области околу очите и устата, бидејќи овој раствор е наменет токму за најнежите делови од кожата.
Кога ќе забележите дека „маската“ започнала да се суши, повторно нанесете нов слој. Оваа постапка повторете ја најмалку петпати за најдобар резултат. Еве кои се ефектите од маската со ленено семе:
-Ја подигнува и затегнува опуштената кожа со што се добиваат поизразни карактерни црти, се тонира и освежува кожата; се намалуваат проширените пори: се хидрира кожата; служи како пилинг за кожата;
Го намалува вишокот себум од масната кожа; помага во спречување на формирање акни и ги лекува постоечките од лицето; го успорува стареењето, ги намалува длабоките брчки, а малите исчезнуваат, пишува НМД.
МЛЕКО ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ
Кај нас многу ретко може да се најде растително млеко од ленено семе, кое патем е едно од најздравите растителни млека, а ако го има е премногу скапо. Разликата во пари од купечкото млеко, до она домашното е навистина преголема.
Плус, во домашното млеко знаете што сè сте ставиле и можете да го правите по сопствен вкус. Единствено што рокот на траење на домашното млеко е пократок и потребно е да го испиете во рок од ден-два и да го чувате исклучиво во фрижидер.
РЕЦЕПТ: 50 грама ленено семе (немелено) потопете ги одвечер во една чаша топла вода. Следниот ден процедете ја желатинозната течност и сочувајте ја за да ја ставите во смути или да ја искористите за маска на лице како што е претходно опишано.
Семето префрлете го во блендер и додајте 4 чаши вода. Оригиналниот рецепт се приготвува во еден од помоќните блендери, а доколку имате послаб, водата додавајте ја постепено (вие најдобро си го познавате блендерот).
Блендирајте неколку минути додека убаво да се сомеле семето и да се соедини со водата. Потоа течноста процедете ја низ вреќичка или густа газа. Убаво истискајте за да ја исцедите целата течност.
Добиената течност има белузлава боја како и другите растителни млека, меѓутоа има неутрален вкус. За да го подобрите вкусот може да додадете прстофат хималајска сол, засладувач по ваш вкус или малку ванила од мешунка.
Остатокот од меленото семе кое ќе остане во газата можете да го искоритите за пилинг на кожата од лицето и целото тело или да го додавате во супи, варива, салати… на овој начин целосно ќе ги искористите сите благодети на ова моќно семе, пишува НМД.мк