Фото: Ивана Струње

Невенот е многу ценет поради неговите лековити својства. Поттикнува циркулација, помага во лекување на гнојни рани и чиреви, ги смирува воспалителните процеси на кожата, пречува појава на лузни, лекува изгореници, особено на оние од претерано сончање.

Ја чисти масната и проблематична кожа, ја негува сувата кожа склона на егзема, лекува габични заболувања на кожата, се употребува кај тегоби со вени и хемороиди, во гинекологија.

Поради присуство на провитаминот А, помага и кај псоријаза. Навистина е многу корисно да се има дома. Невеновото масло лесно можете сами да си приготвите.

Невеново масло против рани, лишаи, егзема, импетиго, хемороиди, изгореници, гнојни чиреви и габични заболувања на кожата – РЕЦЕПТ

-Доцна претпладне, пред само пладне кога сонцето е најсилно, наберете ги отворените цветови од невен и малку листови.

-Исечкајте ги цветовите и листовите со ножици и сето заедно ставете го во широка тегла.

-Прелијте со ладно цедено маслиново, сончогледово, сусамово и масло од тиква, да биде најмалку 3 см над билката.

-Затворете ја добро теглата и ставете на топло или сончево место. Односот на невен и масло е некаде 1:1, односно на една чаша цветови невен се става една чаша масло.

-Теглата треба да отстои на сонце 4 до 5 седмици. Повремено теглата треба да се протресува.

-По изминатиот период маслото процедете го низ стерилна газа и складирајте го во темно стаклено, стерилно шише, на темно и ладно место.

Внимание: невеновото масло лесно може да оксидира доколку не се чува соодветно. Секогаш кога ќе го користите проверувајте случајно да не ја променило бојата или да не ужегнало, бидејќи тогаш ја изгубило лековитоста.

Маслото од невен може да се пие кај чувствителен желудник со ранички или постоење на чир на желудник и дванаесетпалечно црево, по две лажици дневно пред јадење. Маслото мора да е свежо и направено од масло кое се јаде.

Во народната медицина од оваа билка се прават бројни мевлеми против импетиго, суви и влажни егземи и перутави лишаи. Стимулира создавање на нови клетки, ги отстранува гнојните исцедоци, па се користи против загноени нокти. Невенот се покажал како исклучително ефикасно средство против габички, особено на кандидата.

МЕВЛЕМ ПРОТИВ ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Загрејте половина килограм свинска маст на тивок оган. Кога целосно ќе се растопи додадете две лажици свежи цветови невен и една рака исушени зелени, боцкави лушпи од див костен.

Оставете да запени, тргнете од шпорет и мешајте 5 минути. Поклопете и оставете на ладно место 24 часа.

Потоа полека загрејте ја смесата со постојано мешање додека целорно да се растопи. Процедете низ стерилна газа и складирајте во чиста и сува тегличка. Чувајте на темно и суво место. Вените мачкајте ги секоја вечер, без масирање и притискање, одоздола кон нагоре во правецот на срцето.