Фото и рецепт: Наташа Миленковска

Потребни состојки:

100 мл масло

400 мл вода

300 г брашно

1 прашок за печиво

5 јајца

За шербет:

800 г шеќер

900 мл вода

Постапка:

Маслото и водата се ставаат на оган да зоврие, па се трга на страна и се додава 300 г брашно и 1 прашок за печиво. Се меша да се соедини и се остава целосно да излади.

Потоа се додаваат едно по едно јајцата (јас матев со миксер) со непрекинато матење (или месење со рака додека да се впие и соедини со тестото, па се додава следното јајце и се така…).

Тестото се префрла во кеса со продолжеток за тулумби, па се сечат тулумбите врз плех обложен со хартија за печење. Јас ги печев на 250 степени додека да зацрвенат.

Печените тулумби се оставаат да изладат, па се прелеваат со врел шербет.

Шербет: шеќерот и водата се оставаат на оган да зоврие и се вари уште 5 минути.

Тулумбите се многу убави, а не се мрсни.

Фото и рецепт: Наташа Миленковска