Потребни состојки за тесто:
600 г бело брашно
450 мл топла вода
Сол по желба
1 голема лажица сув квасец (рамна лажица)
Постапка:
1.Од овие состојки замесете меко тесто, па оставете го да одмори околу половина час.
2.Кога тестото ќе отстои промесете го со малку брашно и пресечете го на еднакви парчиња од кои ќе формирате топки.
3.Со оклагија развлечете кори во помали кругови како за пита (круговите не треба да бидат претенки, односно ако сакате лепињите да ви бидат пополни, развлечете ги со дебелина од 1 см).
4.Повторно оставете ги на надојдат околу 30 минути а потоа со помош тапата страна од ножот направете шари на лепињите, т.н. мрежички. Овие линии/мрежички се прават само пред печење.
5.Изматете една белка па со неа премачкајте ги лепињите пред печење (кој не сака белка, одлично може да послужи и слатко млеко за премачкување).
6.Загрејте ја рерната на најјако заедно со плехот во кој ќе ги печете лепињите, па потоа ќе ги ставате внатре, онолку колку што собира.
7.Кога ќе ги ставите лепињите да се печат, вклучете ја рерната на топол воздух, со тоа што ќе внимавате да не изгорат (ако ја вклучите оваа опција, температурата на воздухот е поголема а печењето е побрзо, па затоа треба да бидете повнимателни). Бидејќи плехот од претходно е загреан, не треба да користите хартија или масло, бидејќи ништо нема да се залепи.
Доколку ја немате оваа опција на шпоретот –печење со топол воздух, можеде да ги печете и на обична температура.
8.Испечените лепињи завиткајте ги во крпа…
Послужување:
Лепињите се уште поубави ако врз нив наросете црн сусам.